Се санираат последиците од невремето, помош и донации од граѓаните
Објавено во: Македонија 08 Август, 2016
Македонија денес жали за жртвите од катастрофалното невреме кое однесе 21 жртва, додека шест лица се водат како исчезнати.
Спасувачките екипи евакуираа повеќе од 1000 граѓани од нивните домови и така спречија уште поголема трагедија. Материјалната шетата е огромна, во Скопје е на сила вонредна состојба, додека во цела земја е прогласен Ден на жалост.
Помош за граѓаните во поплавените подрачја пристигува од речиси сите краеви.
Граѓаните обединети, организирани преку социјалните мрежи собираат донации во облека, храна, вода и пари.
И бројни компании се јавија со помош и донации.
Со специјализирани возила се испумпува водата, волонтерите и екипите ги чистат насобраните нечистотии, се носи вода, храна и други неопходни хигиенски средства.
Заев денеска е со граѓаните од најпогодените подрачја во Скопје и скопско, од населените места Ченто, с.Сингелиќ и с.Стајковци. Тој на терен ја предводеше акцијата за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна.
Куманово и општина Струмица испратија по еден милион денари помош за поплавените подрачја.
Доколку сакате и вие да донирате , тоа може да го направите на тел.број 143-400 од сите мрежи.