Се собираат електрични апарати за покуќнина и мебел за поплавените семејства
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2016
Во текот на утрешниот ден на четири пункта во главниот град ќе се организира хуманитарна акција.
Акцијата ја покренува градската организација наСДСМ-Скопје.
Сите хумани граѓани може да донираат електрични апарати за покуќнина и мебел. Целта е да им се помогне на граѓаните на кои им е неопходна помош после поплавите кои го зафатија скопскиот регион на почетокот на август.
Пукнтовите на коишто може да се донира се:
-На паркингот кај Цветен пазар – Нова Македонија
-На паркингот кај полициската станица - Беко
-Кружниот тек во Дебар маало – кај кафулето Круг
-Игралиштето на Водно – кај Тинекс маркет.
Хуманото срце подава рака!