СЕ ЗГОЛЕМИ НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ШВЕДСКА: Колку луѓе се без работа?
Објавено во: Економија 18 Септември, 2024
Невработеноста во Шведска во август се зголеми на 7,9 отсто, објави денеска Шведскиот институт за статистика (SCB). Месец претходно беше 7.7 отсто.
Стапката на вработеност во Шведска во август била 69,6 отсто, а учеството на работната сила во вкупното население 75,6 отсто, пренесува Танјуг.
Во Шведска како невработени во август се регистрирани 453.000 луѓе, што е за 9.000 повеќе од истиот месец минатата година, додека бројот на вработени лица во истиот период се намалил за 8.000 на 5,29 милиони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.