Седница во Апелација за притворот на Боки 13
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2019
Апелациониниот суд денеска ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледува барањето на одбраната на Бојан Јовановски,првоосомничен во случајот „Рекет“, за укинувањето на мерката притвор. На јавната седница, Боки 13 заедно со својот адвокат ќе ги образложат аргументите зошто треба да му се укине овцаа мерка и слободен да го чека обвинението, односно судењето..
Боки 13 повеќе од 70 дена е во истражниот затвор Шутка, откако претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена.
Шоуменот сѐ уште го нема дадено својот исказ пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, а досега изврши само увид во доказниот материјал.
Истрагата во делот на „Империја“, односно за коруптивнио0т скандал во кој е вмешана и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е завршена
Од тројца осомничени за Рекет едниствено во домашен притвор е второосмничениот Зоран Милевски – Кичеец кој два пати беше во Обвинителството на распит.
Тројцата се товарат дека зеле 1,5 милион евра од бизнисменот Јордан Камчев со ветување дека ќе биде ослободен од обвинение во предметот на „Империја“.