19 Декември, 2025
0.0918

СЕНЕГАЛ, НИКАРАГВА, ГРУЗИЈА, АЗЕРБЕЈЏАН: Ги прашавме луѓето како ја слават Новата година

Објавено во: Свет 31 Декември, 2024 07:33

Добивај вести на Viber

Во многу земји има интересни обичаи поврзани со славењето на Новата година. Фактор разговараше со луѓе од Сенегал, Никарагва, Грузија, Азербејџан, со цел да дознаеме во каква атмосфера ги чекаат празниците, дали имаат организирани дочеци или се дома.

Амари Цисе од Сенегал вели дека ги слават и Новата година и Божиќ иако станува збор за муслиманска земја.

„Ние сме 95 отсто муслимани во Сенегал, но нашиот прв претседател во Сенегал беше христијанин, така што да го славиме Божиќ за нас е како култура и меѓу муслиманите и христијаните,  имаме добри односи. Заедно славиме сè. За Божиќ правиме вечера во кругот на семејството, тогаш можеме да ги запознаеме нашите братучеди, но и сите студенти имаат одмор за Божиќ и за Нова година. Има специјални забави, во хотели и во ноќни клубови. Поканети се познати уметници. Роден сум и израснат во Дакар, Сенегал. Јас сум муслиман и го прославував Божиќ. Добро е да се направи забава и луѓето да се забавуваат“, вели Цисе.

И млада девојка од Никарагва објаснува дека за Нова година се со најблиските, а на менито се неколку познати јадења од нивната кујна.

„Овде во Никарагва, Новата година се поминува со семејството, во Сан Хорхе се слави со неколку типови на јадења, салати, пилешко, а прославата и музиката се по вкус на секое семејство. Луѓето многу не патуваат за празниците, затоа што економијата не е добра, нема можности“, додава Рејшел Лопез од Никарагва.

Самира Бајрамова, Азербејџанка која живее во Грузија, вели дека и во двете земји Новата година се дочекува на ист начин.

„И во Грузија и во Азербејџан се слави Новата година. 31 декември е Светски ден на солидарноста на Азербејџанците. Главно луѓето слават дома, но и во ресторани“, објаснува Бајрамова.

Новогодишните обичаи во секоја држава се различни. Германците не можат да ја замислат Новогодишната прослава без огномет, па затоа во Германија секоја година за најлудата ноќ, најмногу се троши за пиротехника (околу 100 милиони евра).

Австралијанците се разликуваат само во тоа што среќата на новогодишната вечер си ја осигуруваат со добар десерт - сладолед од ментол кој се послужува аранжиран во облик на детелина со четири листа. 

Холанѓаните на Нова Година јадат крофни, бидејќи сметаа дека крофните се симбол на среќа и благосостојба. Шпанците на полноќ јадат грзоје и тоа 12 бобинки што симболично претставува среќа во наредните 12 месеци.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/KamranAydinov

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела