ШАНСА? Никој не се интересира за работа од 400 000 долари-Еве каде!
Објавено во: Мои пари 06 Март, 2016 11:20
Доктор Алан Кени, ко-сопственик на ординацијата во Токоро на Северниот остров се обидува да најде млад лекар како би се растеретил од работата, но безуспешно.
Ординацијата за општа медицина во руралниот дел на Нов Зеланд не може да пронајде доктор за работа со плата од околу 400 000 австралиски долари за година и низа други поволности.
Во текот на последните две години четири компании за вработување во медицината не можеле да му најдат компетентен кандидат за работа а Кени верува дека нема заинтересирани поради верувањето дека лекар по општа медицина во рурално подрачје е слепа улица во кариерата.
„Минатата година сЕ откажав од годишен одмор бидејќи не можев да најдам замена, а и оваа година веројатно ќе мора да го откажам годишниот и тоа ми е тешко“, вели Кени, кој веќе 30 години работи како лекар во тој град.
Платата е голема, нема работа за викенд и ноќно време, годишниот трае три месеци...
Можам да им понудам навистина фантастична заработка, тоа е неверојатно. Мојата ординација „експлодираше“ минатата година и се што повеќе пациенти добиете, добивате повеќе пари. Но на крајот на денот тоа стане малце премногу“, смета Кени.
Оваа приказна од другата страна на Земјата наголемо потсетува на балканската ситуација со тешкотиите на вработени по островите.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




