16 Јануари, 2025
0.0260

ШИЛЕГОВ КОНТРА АВРМ: Во агенцијата работат непријавени работници?

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Опозијата и Агенцијата за вработување разменија низа критики и обвинувања.

СДСМ преку Шекеринска и Шилегов го презентираше својот проект за вработување за младите а го критикуваше оној на владеачката гарнитура.

Имено, Петре Шилегов пред Агенцијата за вработување ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека нејзиниот проект го користи за вработуваа „на црно“.

Презентирајќи документ од Ревизорскиот извештај Шилегов рече дека е забележано оти Агенцијата за вработување ангажирала работници, хигиеничари и портир без да склучи договори со нив како што наложува Законот за работни односи или договори за услуга како што е предвидено со Законот за агенциите за привремени вработувања.

„Ваков ли е наводниот проект Македонија вработува на обвинетиот Никола Груевски, што го спроведува власта токму преку оваа Агенција? Ако Агенцијата за вработувања ангажира работници “на црно“, што се случува во другите државни институции?! Што се случува во другите правни субјекти?“, рече Шилегов.

Оцени дека кадрите на поранешниот премиер и челник на ВМРО-ДПМНЕ ги раководат институциите противзаконски и ги кршат работничките права и оти тоа претставувало „опасна порака“ до другите работодавци од Агенцијата за вработување.

Шилегов побара Државниот инспекторат за труд „веднаш“ да постапи по наодите содржани во Ревизоркиот извештај и на непријавените работници да им бидат обезбедени договори за работа и пензиско, социјално и здравствено осигурување! Агенцијата за вработување да понесе одговорност.

Демант од Агенцијата за вработување

Во изминатите неколку дена Агенцијата даваше конкретни појаснувања во однос на Ревизорскиот извештај објавен од страна на Државниот завод за ревизија, но секој наш одговор беше дополнително искористуван за погрешно толкување, изменување на фактите и пласирање спинувани информации со намера да се наметне погрешно мислење во јавноста, реагираат од Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) на прес-кофнеренцијата на портпаролот на опозициската СДСМ, Петре Шилегов, кој тврди дека Ревизорскиот извештај укажува дека во самата институција работат лица кои не се пријавени.

Од Агенцијата за вработување на Република Македонија велат дека во последниот период се соочуваат со постојани смислени напади од неколку портали и медиуми блиски до опозицијата, со цел да се наруши угледот на институцијата, да се маргинализираат проектите што успешно ги спроведува и резултатите кои се постигнуваат и кои се видливи преку намалување на стапката на невработеност. А тоа сторил во саботата и Шилегов, кој според нив на прес-конференцијата објавил податоци кои „немаат врска со реалноста“.

Агенцијата за вработување важи за институција која постигнува признати резултати во својата работа и ја соочинуваат професионалци кои одговорно и посветено ги извршуваат своите работни задачи, почитувајќи ја постојната законска регулатива. Од 2007 година успешно ги спроведува Оперативните планови на активни програми и мерки за вработување, кои резултираат со повеќе од 40 илјади вработувања. Само во 2016 година реализираме 27 активни мерки за вработување, се вели во дописот.

„Нашите резултати се очигледни и бележат раст во посредувањето на вработувањето и бројот на новоотворени работни места спроведувајќи ги политиките за вработување на Владата на Република Македонија. Само преку проектот Македонија вработува и поволностите за вработување на млади лица, во изминативе две години реализирани се повеќе 27 илјади вработувања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира