ШОКАНТНО: Бежичниот интернет и рутерите може да бидат смртоносни!
Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2014
Сите сакат бежичен интернет. Нема повеќе незгодни и грозни кабли кои како змија ви се плеткаат на подот. Меѓутоа, постои опасност од бежичната технологија на која не сме обратиле внимание.
Имено, бежичните рутери и модеми им праќаат сигнали на вашите компјутери низ ѕидовите на вашите куќи по пат на електромагнетно зрачење. Ако зрачењето минува низ ѕидовите на вашите куќи, зошто не би можело да помине и низ вашето тело?
Ако имате бежичен рутер во куќата или канцаларијата, вие се наоѓате изложени на опасна зона на зрачење.
Уште еден од проблемите е што никој не го гаси својот Wi-Fi, никогаш. Значи, изложени сте на зрачење 24 часа дневно, 7 дена во неделата, 365 дена во годината. Да не заборавиме дека и вашите соседи, веројатно, поседуваат Wi-Fi. Вие сте значи, целосно опкружени со масовни бранови на ЕМФ (ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ ФРЕКФЕНЦИИ).
Сите интернет провајдинг компании даваат бежични рутери како новогодишни чоколатца, а вас не ве предупредуваат на безбедноста за здравјето.
Се поставува прашањето - зарем сето тоа не е тестирано? На некој начин е. Рутерите емитуваат електромагнетно зрачење на ниско ниво, што се смета сигурно до извесна мерка. Проблемот е што електромагнетните фрекфенции не се тестирани, бидејќи првобитно не е планирано да се употребуваат 24/7.
Во околината на куќата или во канцеларијата, Wi-Fi, модемите пренесуваат радио сигнали речиси со иста фрекфенција како микробрановите печки кога ја загреваат храната. Постојат студии кои покажуваат дека долгорочното изложување на ЕМФ бранови, кои ги создаваат Wi-Fi рутерите, може да предизвикаат шотетување на мозокот, губење на памтењето, па дури и на тумори.
Овие нискофрекфентни ЕМФ бранови изгледа му сметаат на енергетското поле на самото тело, што може да доведе до несвестица, рак, па дури и до промена на ДНК.
Многу луѓе тврдат дека имаат проблеми кои настанале како резултат на изложеноста на Wi-Fi.
Симптомите се бројни и варираат од нередовни отчукувања на срцето, вртоглавица, главоболка, од лоша концентрација до дигестивни проблеми и депресија. Многу луѓе велат дека се чуствувале подобро штом го исклучиле Wi-Fi сигналот или го напуштиле подрачјето полно со Wi-Fi сигнал. Во Данска е спроведена интересна студија во која студентите поделиле семе од крес (брзо растечка билка) во две соби.
И со двете семиња се постапувало со еднаква нега, освен што во една соба семето го поставиле покрај два Wi-Fi рутери. Дванаесет часа подоцна, семето кое било во собата со Wi-Fi сигналот не успеало да проникне, додека другиото нормално си пораснало.