Шокантно: Возачот кој го прегази девојчето по распитот е пуштен на слобода
Објавено во: Македонија 04 Април, 2015
Возачот на Хондата и покрај тоа што избегал од местото на несреќата, по распитот во полициска станица е пуштен на слобода, пишува Канал5.
20 годишна студентка Фросина.Ц од Крива Паланка е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа кај Универзалната сала во Скопје. Таа околу 20 часот и 50 минути загина на лице место откако во неа удри возило Хонда, кој го управувал Љ.Б 26 годишен скопјанец. Засега од МВР нема никакви дополнителни информации за околностите под кои се случила несреќата.
Возачот на Хондата и покрај тоа што избегал од местото на несреќата, по распитот во полициска станица е пуштен на слобода. Според објаснувањето од истрагата, возачот не е задржан во притвор бидејќи таа мерка не е предвидена за вакво кривично дело. Исклучок има освен во ситуации ако возачот е странец или пак ако има сомневање дека може да избега.
На 26 годишниот скопјанец му е земен примерок од крв и урина за да се провери дали бил под дејство на алкохол или наркотици, а Хондата е пратена на технички преглед. По барање на Јавен обвинител телото на Фросина е предадено на обдукција во Судска медицина.
По сообраќајката на социјалните мрежи се појави информација дека Хондата летала со 160 километри на час, но сепак брзината допрва ќе се утврдува.
Од она што можеше да се види синоќа, на местото на несреќата немаше траги од кочење, а девојката ја минувала Партизанска на обележан пешачки премин. На преминот има и семафор, а истрагата треба да утврди дали за возилата или за пешаците било вклучено зелено светло.
Низ социјалните мрежи веке е објавена фотографија на 20 годишна студентка Фросина.Ц од Крива Паланка.