06 Октомври, 2024
0.0288

Шолц: На земјите од Западен Балкан им беше ветена европска перспектива, време е за испорачување

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Ова е втора посета на германски канцелар на Македонија за краток период, што е одраз на недвосмислената поддршка која ја добиваме од земјата на нашиот евроинтеграциски пат, кажа премиериот Димитар Ковачевски на заедничата пресконференција со Олаф Шолц, канцеларот на Сојузна Република Германија.

- Го очекуваме заслужениот чекор за нашето членство во унијата, посетата на Шолц е една од тие цели. Наша заеничка цел е Македонија да биде членка на унијата, а Вашето присуство е поддршка за нашето членство и дека е време да ги започнеме преговорите за членство во унијата. Во текот на тридецениски период, откако е воспоставена соработка со Германија, нашата земја има изградено најголема трговска размена со нив, 200 компании од Германија се партнери на македонските и имаат свои фабрики тука. Македонија ја цени поддршката на Германија, како за членството во НАТО, така и за членството во ЕУ - потенцираше Ковачевски.

Канцеларот Шолц посочи дека земјите од Западен балкан и нивното членство во ЕУ е од стратешко значење за Германија, и се залага за нивни прием во ЕУ. 

- Уште пред 20 година на земјите од Западен Балкан им беше ветена европска перспектива, и време е за испорачување. Германија е сериозна за земјите од балканот, особено за Македонија, која ги исполни сите услови за членство. Се воодушевив од силата која беше вложена за надминување на проблемот со Грција и затоа сега треба да ги вложиме сите напори за реализација на членството. Би сакал да изразам благодарност што се залагате за поддршка на политиките на ЕУ, и ја осудивте агресијата на Русија врз Украина. Ја охрабрувам Макеоднија да продолжи по патот на реформите. Колку побрзо напредувате, толку побрзо ќе се одиваат пристапните разговори кога ќе започнат. Германија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ, не само билетерално, туку и со свои советници. Нашата трговска размена е повеќе од дуплирана. Во вложување во обновливи извори исто така имаме заеднички интерес, и сме со намера да го реализирате пресвртот кон обновливи извори. Сите земји од Западен Балкан профитираат од подобара соработка, ги зајакнува врските и ги приближиува кон ЕУ. Се радувам на понатмошното интезивирање на нашите односи - посочи Шолц. 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц во рамките на неговата официјална посета на нашата земја, имаа тет-а-тет средба на којашто разговараа за најважните прашања од приоритет за односите на двете земји, како и за теми од заеднички интерес поврзани со проширувањето на ЕУ, регионалната соработка и актуелната состојба со војната во Украина.
На средбата беше заеднички констатирано дека односите и соработката меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија се базираат на многу интензивен политички дијалог и имаат значајна динамика на соработка во сите области.

Двајцата соговорници споделија дека СР Германија останува еден од клучните политички партнери на Северна Македонија и значаен сојузник и поддржувач во процесот на европските интеграции на нашата земја, кој дополнително беше охрабруван и поттикнуван и низ повеќе регионални проекти, како Берлинскиот процес за исполнувањето на препораките на ЕУ и неопходните реформи од европската агенда.

За време на разговорот беше истакнато дека во пресрет на јунскиот самит на ЕУ под претседателство на Франција, од Брисел се очекува јасна порака и чекор за деблокирање на процесот за проширување со почеток на преговорите за Република Северна Македонија, како земја којашто ги исполни сите критериуми и услови, и како стратешка одлука од безбедносно значење за Европа.

Сојузна Република Германија, беше речено на средбата Ковачевски - Шолц, останува на определбата да биде најзначајниот трговски партнер на нашата земја што е потврдено со најголемиот број германски компании присутни во Северна Македонија во кои работат повеќе од 20.000 македонски граѓани.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил