Штип ги пребројува паркинг местата
Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2013 18:33
Во централното градско подрачје во Штип се пребројуваат паркинг местата со цел да се среди сообраќајниот хаос. Директорот на ЈП „Стипион 2011“, Тони Јовев вели дека веќе се обележани 120 паркинг места на улицата „Ванчо Прќе“ на потегот од стоковната куќа „Нама“ до местото викано „Огледало“.
- Наплатата на паркинг местата нема да ја реализираме во текот на годинава, но заради пребројување и наша анализа апелираме жителите на улицата „Ванчо Прќе“ да се пријават кај нас, заради евиденција, колку можеме да им издадеме месечни паркинг места, рече Јовев.
Тој истакна дека во текот на наредниот период ќе се обележат и останатите паркинг места во центарот, а по изградбата на платформите над река Отиња и ќе стартува наплатата на паркинг местата во Штип.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




