16 Декември, 2025
0.0449

Што чуствуваат луѓето пред да умрат: Неверојатно откритие на едно истражување!

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2014 21:23

Добивај вести на Viber

Бидејќи во рок од 9 недели ги изгубив сестрата и таткоти, се посветив на истражување на она што се случува после смртта. Интервјуирав дестина луѓе кои професијата ги поврзува за неизлечиви пациенти, како и оние кои доживеале посебни искуства со смртниците па и со оние кои доживеале таканаречена клиничка смрт.

Ова го пишува американската новинарка и авторка Патриша Пирсон, која тврди дека резултатите од нејзиното истражување ги упатуваат луѓето да спознаат кога ќе им чукне последниот час на овој свет. Наводно, во период од 72 часа пред смртта тие почнуваат да зборуваат во метафори за патување. Терминологијата е различна, па така едни ги бараат своите обувки, други авионски карти, а трети како „сакаат да си одат дома“ ...

Во моментите додека лежела на смртна постела, мојата сестра, заболена од рак на дојката, упорно повторуваше „јас не знам како да одам“, а дури споменуваше и некои стујардеси.

Болничарката Меги Каланан, која работела на негување на смртно болни пациенти во Вирџинија, го наведува прашањето на еден пациент заболен од рак на панкреасот, поставено во смртниот час:

„Дали мојата жена знае се во врска со пасошот и картите?“

Каланан била во состојба да негува стотици пациенти се до смртта и смета дека визиите за патувањето на нејзините пацинети не се случајност.

Смртниците често имаат „предвидувања“ за кои здравите личности веруваат дека просто се ефект на јаките аналгетици кои пациентите ги примаат. Меѓутоа, дали е така?

Во една голема интернационална студија, која ја спроведе писхолозите д-р Карлис Осис и д-рЕрлендур Харалдсон од Исландскиот универзитет, востановено е дека повеќето пациенти кои уште се свесни неколку часа пред смртта, ги гледаат своите сакани кои починале, без оглед на тоа дали примале такви лекови или не. Студијата опфатила личности од целосно различните култури - од САД и Индија.

Во некои случаи, луѓето ги гледаат членовите на семејствата и пријателите за кои не биле свесни дека се умрени. Меѓу првите детално истражени извештаи за визиите пред смртта, се најде и еден случај на жена која умирајќи на пораѓајот и рекла на својата акушерка во една даблинска болница како пред себе го гледа починатиот татко. Потоа видела нешто што ја збунило: „Вида е со него“. Го повторувала тоа, а Вида била нејзината сестра, која починала три недели пред тоа. Меѓутоа, информацијата дека Вида била почината била скриена од смртницата.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив