ШТОМ СЕ ДРЗНАЛЕ КОН МЕНЕ И КОН МОЈОТ КРУПЕН КАПИТАЛ, СЕ ДРЗНАЛЕ И КОН СИТЕ ОСТАНАТИ - газдата на НИКОБ, Лазаров, ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за рекет, вели - ШЕМАТА Е ИСТА, ГРУЈОВА
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2022 19:42
Сопственикот на групацијата НИКОБ, Кирил Лазаров, во свој фејсбук-статус ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека вршела рекет врз него по „грујова шема“.
Тој со својата објава го повика лидерот на партијата Христијан Мицкоски да престане да му се заканува. Според Лазаров, треба „да се одземе целиот тој центар на криминал“, алудирајќи на седиштето на партијата, која според него е градена со рекет кон газдата на АД Бетон Скопје.
Следува во целост фејсбук статусот на Лазаров.
„Денеска сме сведоци за два интезивни настани, една судска пресуда и една коалициска пресуда, но имаат еден заеднички именител, ВМРО РЕКЕТ ДПМНЕ.
Константен рекет на една мафијашка матрица (исклучок се големиот број чесни членови) без разлика дали се на власт или опозиција, пристапот, стилот и политичкото битисување на оваа партија се заоснова само на рекет, закани и уцени.
Јавното обвинителство треба да отвори истрага по допрен глас за изјавата на Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош дека стопанственици се рекетирани од Христијан Мицковски. Шемата е иста, и таа е ГРУЈОВА, во спротивно ако нема кеш во плико, закана за одмазда кога ќе се дошло на власт. Кое политичко дно, која деструкција и насилство е концентрирано во врвот на ВМРО ДПМНЕ.
Ако се дрзнале кон мене и мојот крупен капитал, се дрзнале кон сите останати.
Јавна тајна е дека сите градоначалници на ВМРО ДПМНЕ имаат добиено насока никој да не соработува со фирмата НИКОБ, само затоа што НИКОБ ги спушти цените на ПЦР тестовите и им го намали профитот на лаборатории кои се во роднински врски со врвот на ДПМНЕ.
Јавно го повикувам Мицкоски да престане да ми се заканува, никој не му се плаши, и никој не му е крив што можеби сакал да се омрси од Делчевските кримоси кои го опљачкаа и ЕВН.
Засега толку за рекетарите, а сега за нивното дувло или Бела палата. Конечно правдата која важеше за Зекири да важи и за нив. Да се одземе тој центар на криминал, граден на криминален начин со рекетарска шема кон газдата на Бетон АД Скопје. А, извршителите да внимаваат да не ги изнесат скапите лустери, оти нив им лепи раката за сѐ и сешто“.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




