19 Декември, 2025
0.0710

Сигурна заштеда со ПроКредит Банка

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2022 09:00

Добивај вести на Viber

ПроКредит, како единствена банка со германски капитал во земјава, посветено работи на градење култура на штедење и инвестира во финансиска едукација на своите клиенти.

Во најновата кампања, ПроКредит ги нуди најдобрите каматни стапки на пазарот за орочени депозити во евра, како и во денари. Покрај сигурната заштеда за иднината, орочениот депозит на ПроКредит Банка носи и дополнителни поволности за клиентите:

·  Фиксна и загарантирана каматна стапка

·  Орочување на 25 месеци - 1,8% за евра и 2,5% за денарски депозити

·  Можност за орочување на заштедата директно преку е-банкарство

·  Високо-професионална услуга и поддршка од Личен банкарски советник

Тоа по што клиентите ја препознаваат ПроКредит банка на пазарот се дигиталните банкарски услуги и можноста за онлајн аплицирање, дури и за орочен депозит. Процесот е едноставен и целосно онлајн, со што дополнително се заштедува време.

„Една од нашите главни заложби како банка е промоција на културата на штедење, па затоа и преку нашите промотивни кампањи нудиме најдобри услови на пазарот кои очекуваме дека ќе ги мотивираат граѓаните да се одлучат да ги инвестираат своите средства во иднината. Но, тоа не го правиме само преку промоција на добри каматни стапки, туку и преку едукација. Tоа што е уникатно за нас на пазарот е што и покрај целосно дигитализираниот процес, ПроКредит нуди персонализирана услуга за секој клиент кој добива свој личен банкарски советник. Оваа услуга е целосно бесплатна и е достапна за секој клиент на банката кој има потреба од совет за инвестирање, штедење или кредитирање. На наше големо задоволство, клиентите навистина знаат да го препознаат квалитетот на нашата професионална услуга и имаме одличен фидбек од пазарот.” изјавија од ПроКредит банка.

ПроКредит е веќе одамна етаблирана како сигурна банка со високо-квалитетното кредитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност, што се клучен фактор при избор на банка каде штедачите ги инвестираат своите средства. Дополнително, високиот кредитен рејтинг потврден од реномираната меѓународна агенција Fitch Ratings е потврда за квалитетното работење на банката и нејзината стабилност на пазарот.

“На крајот, но можеби и најважно – со нашите клиенти ги делиме вредностите во кои силно веруваме, а се однесуваат на иднината. Имено, средствата од депозитите се инвестираат во проекти кои промовираат долгорочна одржливост на општеството. Па така, над 90% од кредитното портфолио нa ПроКредит е пласирано во мали и средни претпријатија кои се главни генератори занашата економија, а истовремено 20% од вкупните кредити се пласирани во енергетско ефикасни проекти и проекти за заштита на животната средина.”

Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб страницата на ПроКредит Банка: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство