Сириецот кој изврши напад во Франција, носел крст и молитвеник

Објавено во: Свет 08 Јуни, 2023
Напаѓачот на деца во парк во Франција носел крст и молитвеник.
Сириецот кој со нож нападна деца во парк во францускиот град Анеси, при апсењето изјавил дека е христијанин и дека со себе има крст и молитвеник, пренесоа француските медиуми. Тој изјавил дека е христијанин кога го пополнувал барањето за азил во Шведска.
Еден од најгледаните новински канали во Франција, BFMTV, изјави дека на видеото, кое се појави по нападот, може да се види како Абделсамих Х. ја крева раката во воздух и зема нешто што го носи околу вратот, крст или медалјон, наводно извикувајќи на англиски „Во името на Исус Христос“.
Четири деца и двајца возрасни се тешко повредени. Три од нив се во животна опасност.
Шведскиот дневен весник Афтонбладет пишува дека 31-годишниот Сириец, кој утрово во францускиот град Анеси тешко повреди со нож четири деца и двајца возрасни, живеел во Шведска од 2013 година.
Тој имал дозвола за постојан престој во Шведска врз основа на право на азил. Во меѓувреме неколку пати аплицираше за шведско државјанство, но секој пат беше одбиен. Последното барање го упати минатото лето, но тој случај уште не е решен.
Афтонбладет пишува дека Сириецот „живеел уреден живот“, а единствениот контакт со правосудниот систем бил пред неколку години кога бил казнет поради злоупотреба на социјалните бенефиции и стипендии.
Тој сè уште бил регистриран во мало гратче во западна Шведска, каде што живеел заедно со неговата 26-годишна сопруга и едно дете. Неговата сопруга тврди дека четири месеци не слушнала ништо за него.
Екстремно десничарските партии во Франција повторија пораки против прифаќањето бегалци.
Можеби ќе ве интересира
Koj остава свински глави пред домовите на руските пропагандисти?

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

На улиците на Британија има нови двосмерни камери за брзина - еве како функционираат

ЕГЗОДУСОТ ПРОДОЛЖУВА: Нагорно-Карабах ќе престане да постои од јануари 2024 година, изјави претседателот

МАЛОЛЕТЕН УЧЕНИК СО НОЖ ПРОБОДЕ НАСТАВНИК ВО ОКО: Напад во шпанско училиште, детето со два ножа ги избодело сите што минувале
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

Гренел до косовска политичарка: Не е добра идеја да ја гризете раката што ве храни со децении

Хилари Клинтон до Путин: Проширувањето на НАТО е последица на руската политика
