СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ:Татко на нацијата или на партијата?
Објавено во: Македонија 16 Март, 2017
Оспорени како личности или оспорени
како кандидати кои “победиле“ на контроверзни избори – сите македонски
претседатели од осамостојувањето и независноста на Македонија го носат “партискиот“
печат. Но за граѓаните и натаму клучно е прашањето колку тие беа или се
“татковци“ на нацијата или на партијата, Граѓаните кои ги анкетираше “Фактор“
имаат различни мислења за тоа кој претседател како ја водел државата и каков
белег оставил во историјата.
“Еден од најдобрите претседатели е Борис Трајковски. За жал не успеа да го заврши мандатот, и сеуште се сомневам во начинот на кој го загуби животот. Мислам дека Трајковски беше претседател на сите“ – вели Столе Христовски.
“За мирното осамостојување на Македонија заслужен е господинот Киро Глигоров. Дури се обидоа и да му извршат атентат, но тој го преживеа“ – вели Верица Бушиноска.
Според скопјанката Валентина.Т. сите досегашни претседатели не можат да се одлепат од партиска етикета.
“Претседател треба да биде татко на сите, без разлика партиската, националната или верската припадност, а тоа не е така“ – смета Валентина.
Сите досегашни претседатели застанаа на чело на државата со “оспорени“ мандати. Годинава Македонија го слави 26 от роденден, како независна, самостојна и суверена држава. Во овие две децении и шест години, на претседателскиот трон седнаа четворица претседатели. Последниот, Ѓорѓе Иванов го турка вториот мандат, пришто следните претседателки избори, во регуларен термин треба да се одржат во 2019 година.
Киро Глигоров...
Првиот македонски претседател, Киро Глигоров застана на чело на државата на 18 септември 1991 година, на свои 74 години што го вброиа во групата на “најстари“ претседатели во светот. Ја водеше Македонија четири години, и по претседателските избори во 1995 година, повторно доби нов, втор мандат.
Тогашната ВМРО-Дпмне во деведесеттите години го оспори легитимитетот на Глигоров, со образложение дека големата поддршка во гласовите е “изборен фалсификат“. Годинава се одебележаа пет години од неговата смрт. Глигоров остави печат на еден од најзначајните протагонисти на македонската независност. Не веруваше дека лесно ќе се најде решение и компромис со Грција за проблемот со името. Во неговиот двоен претседателски мандат се соочи со можеби најтешките години во блиската историја: ембарго, блокади, нестабилност во регионот, внатрешни етнички тензии, пробив на Макеоднија на меѓународната сцена, признавање и лобирања. Тогашната силна албанска партија ДПА нескриено го обвинуваше Глигоров дека ги игнорира правата и барањата на Албанците во земјава. По донесувањето на Уставот, Глигоров ги презел сите активности за меѓународното признавање на Македонија. При приемот на Република Македонијаво членство воОбединетите Нации, под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, го одржал првиот говор пред Генералното собрание на Обединетите Нации на 7 април1993година.
На 3 октомври 1995 година преживеа атентат, но атантаторите никогаш не беа пронајдени. Ја напуши претседателската позиција кога имаше 82 години.
Борис Трајковски...
“Човек – изјава“, вака во новинарската фела го нарекоа Борис Трајковски, кој како заменик министер за надворешни работи во 1998 година, во екот на бегалската криза на Косово, кога Македонија ги отвори границите за бегалците и минуваше низ тешки денови, често обвинувани за начинот на кој се справуваме со тогашната криза, тој на меѓународната заедница и порача:
“Пратете авион и земете ги“.
На крајот од 1999 година, како кандидат на десно-центристичката влада на Љубчо Георгиевски, тој станува втор претседател на Македонија, но и овие избори остануваат под превезот на партиски обвинувања. Според бројот на гласови Трајковски во првиот изборен круг беше далеку зад тогаш првопласираниот Тито Петковски. Но во втриот изборен круг, Трајковски ја понесува победата која беше прогласена за “пирова“, добиена преку “контингент гласови на Албанците.
СДСМ тогаш Трајковски го нарече “Граѓанинот Борис Трајковски“, но по обел
оденувањето на аферата “големото уво“ работите се променија, а тогашниот шеф на државата Трајковски на некој начин воспостави соработка со СДСМ.
Трајковски прв ја воведе аболицијата, кога во 2003 потпиша ослободување за кривично гонење во аферата “Големото уво“ за тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска и тогашниот началник на Петтата управа на МВР.
Кобното утро, на 26 февруари, 2004 година, Борис Трајковски, го загуби животот во авионска нереќа кај Мостар. Уривањето на владиниот кингер, и покрај серијата на истраги, наоди и сознанија, за дел од јавноста сеуште е мистерија.
Бранко Црвенковски...
Од премиерската – седна во претседателската фотеља. На третите вонредни претседателски избори во април, 2004 година, Бранко Црвенковски како кандидат на СДСМ, победува и застанува на чело на државата до 2009 година.
Но и овоие избори не поминаа без “етикети“ и обвинувања, па Вмро-Дпмне ги оспори изборите со образложение дека Црвенковски е избран без цензус, но токму обов изборен циклус помина во знакот на длабоки внатреартиски делби во Вмро –Дпмне отсликани преку обвинувањата на релација Георгиевски-Груевски. На крајот, Бранко Црвенковски стана лицето “Б.Ц“ за Вмро-Дпмне.
За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија стана земја-кандидат за прием воЕвропската Унија. Но во мадатот на Црвенковски избива и правата афера за прислушување “големото уво“ а партискиот опонент, Вмро-Дпмне никогаш не му ја заборави аболицијата на Зоран Заев, тогаш како градоначалник на Струмица осмничен во случајот “Глобал“.
Ѓорѓе Иванов....
Од човек во науката, преку независен претсдателски кандидат, до “партиски“ номиниран претседател. Актуелниот шаф на државата Ѓорѓе Иванов го “ситни“ вториот мандат, оспорен од страна на албанскиот политички кампус. Владиниот брак ДУИ-Вмро-Дпмне ја менаџираше државата но ДУИ, откако пропадна нивната идеја за консензуален претседател, Иванов го прогласија за нелегало избран претседател.
Особено, неговата улогоа влегува во фокусот на јавноста во вториот мадат, а доминира по содавањето на Специјалното јавно обвинителство. Имено, претседателот Иванов е трет кој ја искористи аболицијата – ставајќи потпис за помилување на лица , главно функционери од Вмро-Дпмне осмничени за изборен криминал и други кривични дела, меѓу нив и екс премерот Никола Груевски.
Иванов прогласи општа аболиција – но и ја повлече, ја поништи иако претходно изјави дека овој потег е во насока на заштита на државниот интерес и решавање на политичката криза. Но политичката криза не запре. Последниот потег на претседателот Иванов повторно на нозе ја крена не само домашната туку и меѓународната јавност. Тој одлучи да не го одели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој му однесе 67 потписи за пратеничко мнозинство.
“Не е некоја новина што владеењето на правото и одвојувањето на власта не функционираат добро во земјите од Западен Балкан. Но, тоа што во моментот се случува во Македонија, во регионот не се случувало од уривањето на српскиот насилен претседател Слободан Милошевиќ во 2000 година“, напиша германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, давајќи осврт на политичката состојба во земјава и постапките на претседателот Иванов.
Својот прв мандат во мај 2009 година го почна како “човек од народот“ а сега, според опозицијата е човекот кој изврши “државен удар“ во име на партијата.
Д.А.