„СКЕНДЕР БЕГ ВО ПЛАМЕН“-ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР: Груби објави видео од најинтересните моменти
Објавено во: Македонија 14 Август, 2022 14:43
Првиот
вицепремиер, Артан Груби објави фотографии и видеа од синоќешниот концерт по
повод прославата на годишнината од Охридскиот рамковен договор. Дождот не ги
спречи илјадниците присутни да се забавуваат на музичките настапи на повеќе
музички ѕвезди.
Груби ги издвои најинтересните моменти:
-Добро утро на најдобрите луѓе на светот.
Да го започнеме денот со ова прекрасно видео од одличниот синоќешен фестивал!
Ве сакам многу!, напиша тој во постот.
Оваа година 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор беше заокружена со успешен „Мировен фестивал“ на плоштадот "Скендербег" во Скопје. Во оваа прилика изразувам благодарност до сите илјадници присутни кои беа заедно со уметниците кои вчера вечер настапија.
Во контекст на одбележувањето на 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв пат оваа година ја организираше Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ преку која младите учесници имаа можност за стекнување на нови знаења за функционирањето на политичкиот систем во земјата.
Во оваа прилика изразуваме посебна благодарност до сите учесници кои беа повеќе од 90 на број, како и на предавачите: проф. д-р Лидија Георгиева, проф. др. Гордан Георгиев, Џелал Хоџиќ, Роберт Алаѓозовски, проф. др. Јусуф Зејнели, проф. др. Ризван Сулејмани, доц. д-р Ведије Раткоцери, Џабир Дерала и поранешниот албански амбасадор, Арбен Чејку.
Целта на Школата за млади лидери беше стекнување на нови знаења и подобрување на лидерските вештини за нови можности и придонес во иднината, во позитивниот развој на општеството, спроведувањето на политиките произлезени од Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на меѓуетничките односи , управување со конфликти, градење мир, социјална кохезија, консензуална демократија, интеграција, градење мир и соживот меѓу етничките заедници и интеграција на граѓаните во јавниот, општествениот, економскиот и културниот живот беа дел од предавањата во рамките на Школата за млади лидери.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




