На 12 декември се отвора Capitol Mall & Residence!
Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2013 11:20
На приземјето, Шопинг центарот нуди голем Рамстор супермаркет – конципиран по најсовремените светски трендови во оваа област, потоа два кафе-бара со уредени тераси, менувачница и брз трансфер на пари, аптека, оптика, цвеќарница, продавница за органска храна, продавница за модни додатоци, телекомуникациски услуги, инфо центар, но и неколку продавници со реномирани интернационални модни брендови кои за прв пат доаѓаат на македонскиот пазар. Првиот кат има дополнителна разновидна понуда на познати модни марки. Вториот кат е наменет за облека и за играчки за деца, потоа мега продавница за спортска опрема, како и за новата понуда во интегрираното шопинг искуство – современиот финтес центар. Третиот кат е повторно резервиран за најмладите – за детскиот центар. Но, исто така, ова е и катот на хедонизмот - гастрономско патување со интернационалните и локалните вкусови, зачинет со прекрасен поглед на Скопје.
Capitol Mall располага со свој бесплатен паркинг на три нивоа, со 450 паркинг места, како и со бесплатен Wi-Fi / интернет пристап низ целиот комплекс.
Резиденцијалниот дел или Capitol Residence, е организаран така што секој кат содржи 20 одделни станбени единици, освен на седмиот кат, каде што има 12 станови, или вкупно 72 единици за домување, со бруто квадратури од 71 м2 до 128 м2. Во резиденцијалниот дел, влезот е засебно организиран од двете страни на комплексот (источен и западен влез), со одделни лифтови. Во планирањето, дизајнирањето и употребата на градежните материјали, е фокусирано огромно внимание на секој детал, што овој модел го прави уникатен и по форма и по содржина. Двата блока се импресивни со својата елеганција и со стилот. Ако на ова се додаде и ексклузивно дизајнираното лоби, како и 24/7 видео надзор и обезбедување, несомнено е дека Capitol Residence нуди комплетно нова димензија во домувањето во главниот град.
- Од проектот, преку супериорната архитектоника, до изведбата и употребата на материјалите за градба, нема дилеми дека комплексот Capitol Mall & Residence ќе биде една од современите лендмарк точки на Скопје. Идејата беше да понудиме поразличен, поинаков концепт, топла атмосфера и пријателски амбиент, едноставно – простор на добри вибрации. Дополнително, овој простор ќе го оплеменуваме и со доза култура и уметност, за да го комплетираме чувството на ненаметливо и пријатно поминато урбано време, - нагласуваат во Capitol Mall.
Инвестицијата за Capitol Mall & Residence е вредна 30 милиони евра. Тоа е домашна, македонска инвестиција, поддржана од домашните банки. На изградбата на објектот беа вработени преку 250 работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повечето од земјава и неколку од странство. Со отворањето на Capitol Mall & Residence, воедно, се отвораат и преку 500 нови работни места од повеќе индустрии.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




