17 Декември, 2025
0.0405

Пивара Скопје и Галичка свадба – нераскинлива врска на две автентични приказни

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2016 10:47

Добивај вести на Viber

И годинава, Пивара Скопје и нејзините брендoви се нераскинлив дел од „Галичка свадба“ – еден од најавтентичните културни настани во земјава и пошироко. За да може оваа уникатна традиција да продолжи, Пивара Скопје ја обезбеди неопходната поддршка и со тоа го потврди своето партнерство како гаранција за успешно одржување на оваа значајна културна манифестација и на нејзината единственост и неповторливост.

7c86edde-851e-4f30-84e8-d04bfb360d16

Пред заминување кон живописниот Галичник, каде викендов по 43-ти пат се одржува една од највеличенствените македонски фолклорни манифестации, вработените и менаџментот на Пивара Скопје ги испратија годинешните галички младоженци - Сандра Станковиќ и Александар Ристески, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.

8fccd740-0320-4386-956c-45ea31d0a775

При посетата на Пивара Скопје, специјалните гости се запознаа со почетоците, развојот, стандардите и квалитетите на уште една автентична приказна која трае скоро еден век. Тоа е приказната за компанијата и нејзините брендови кои се длабоко вградени во сите моменети од нашите животи, кои се неизбежен дел од сите наши прослави, забави со пријателите и моментите на уживање.  „Од прва рака“ новите галички младоженци се запознаа со процесот и традицијата на производство на пиво и безалкохони пијалаци во Пивара Скопје. Менаџерот за производство на пиво и еден од најискусните пивски мајстори во регионот - Кирчо Стојанов, „на лице место“ им ја откри постапката и уметноста на производство на најстариот природен пијалак на светот, а менаџерот за производство на безалкохолни пијалаци - Горан Стојковски им ја откри „тајната“ за тоа како Пивара Скопје успева да ја произведе најдобрата Coca-Cola во светот.

2550baf4-3864-41e7-86b5-425faf10ba5f

„Традицијата е мост меѓу минатото, сегашноста и идината и затоа мора да ја негуваме и поддржуваме. Среќни сме и особено горди што ние и нашата компанија сме дел од оваа автентична манифестација која плени со својата вредност, убавина и оргиналност. На ваков начин и ние се поврзуваме и идентификуваме со нејзините трајни вредности“, рече генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, кој ги запозна специјалните гости со визијата на Пивара Скопје за натамошен успех на пазарот, корпоративната култура и вредностите на нејзините вработени, како и со инвестициите во одржлив развој и во проекти кои се особено значајни за заедницата.

f0fb540d-c1fb-4239-9b40-fa39d9031fe6

Во оваа прилика, годинешните галички младоженци се закитија со уникатни обележја „Амбасадор на Пивара Скопје“, како уште еден симболичен детаљ по кој тие ќе ги паметат деновите кога станале дел од уникатната македонска традиција.

И оваа година најпознатата македонска свадба што се одржува во неповторливиот амбиент на селото Галичник се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои одново ќе имаат можност да бидат сведоци на над 30-те оригинални свадбени обичаи, проследени со традиционални народни носии, песни и ора кои пленат со својата автентичност, убавина и културно наследство.

Пивара Скопје им препорачува на сите посетители на Галичка свадба да возат безбедно, да не возат доколку пијат и да консумираат одговорно.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив