15 Јануари, 2025
0.0292

Скопје и регионот под огромен притисок од миграциските текови

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

“Ескалацијата на проблемот со незаконските миграции не се регионални или национални, тие се меѓународен проблем и затоа потребно е и меѓународен одговор на овој проблем“ истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков на Регионален форум на министри за внатрешни работи од земјите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ кој се денес одржа во Скопје.

Оттаму, овој евидентен тренд продуцираше, како што нагласи министерот Чавков со четирикратно зголемување на бројот на мигрантите во првите пет месеци од годинава на територијата на нашата држава и приближно двојно зголемување на кривичните дела и сторителите поврзани со криумчарење мигранти во однос на истиот период од минатата година. Македонската полиција максимално ги вложува своите капацитети за справување со овој проблем, но сите заедно сме свесни за неговите димензии, рече Чавков, дотолку повеќе што проблемот со мигрантите не е локално или регионално прашање, туку тоа претставува глобален предизвик.

Во однос на последните случувања за злоупотреба на мигрантите од криминални групи, Чавков потенцираше дека МВР ги мултиплицира сите мерки и активности кои што резултираа со кривични пријави.

Покрај другите дискутанти на форумот на МАРРИ свое излагање имаше и амбасадорот на Велика Британија во Македонијиа Чарлс Гарет којшто истакна дека регионалните иницијативи и органи се од огромна важност во решавањето на прекуграничните прашања и особено кога се зборува за чувствителни прашања како што е миграцијата.

“Миграцијата не е првпат една од клучните меѓународни приоритети и целата меѓународна заедница е запрепастена од смртта на стотици па дури и илјадници мигранти кои се обидуваат да го преминат медитеранот. Сведоци сме на жртви и овде во Македонија. Бројките се чини дека растат неверојатно. Нелегалната миграција е прашање кое што бара сеопфатни решенија и Регионалниот центар МАРРИ кој што Британсакта амбасада го поддржува преку нашиот проект за подобрување на постапките за воспоставување на идентитетот на нелегалните мигранти во регионот на МАРРИ е дел од тој сеопфатен приод“, рече меѓу другото амбасадорот Гарет.

Тој, покрај ова најави дека Велика Британија, како и меѓународната заедница во глобала ќе ги поддржи националните институции во изградбата на одржливи и ефективни механизми за заедничка акција во идентификацијата на нерегуларните мигранти. “Ова ќе го направиме преку развивање и усвојување регуларна правна рамка во регионот на западниот Балкан за толкување на ретките јазици, а ќе се воспостави и заедничка база на податоци за преведувачи на ретки јазици коишто ќе ги користат националните миграциски служби во земјите членки на МАРРИ“, нагласи Гарет.

(Фото: Фејсбук)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира