15 Јануари, 2025
0.0417

Скопје не е Дизниленд, или можеби е?

Објавено во: Македонија 20 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Денеска во 18 часот на кејот на реката Вардар ќе се одржи мирен протест против изградбата на панорамското тркало, насловен како „Скопје не е Дизниленд”. Протестот го организираат група граѓани преку преку социјалната мрежа Фејсбук. Во официјалната покана на Фејсбук се наведува дека на преку протестот ќе се испрати порака дека на Скопје не му требаат нови долгови и идеолошки Дизниленд. -Сакаме да им порачаме на одговорните дека СКОПЈЕ НЕ Е ДИЗНИЛЕНД и ова лудило МОРА да сопре. Продолжуваат да се градат контроверзни зданија и споменици без соодветна јавна дебата и консултација со жителите на овој град.Ние не сакаме нашите поколенија да отплаќаат долгови со непоимливи камати за оваа естетска и политичка катастрофа.Кога во градот имаме над 30 проценти невработеност, незадоволителна инфрастуктура и илјадници луѓе на минимална плата од 8.000 денари кои немаат доволно ни да си ги прехранат фамилиите, на Скопје не му требаат нови долгови и идеолошки Дизниленд.На Скопје му треба модерна инфрастуктура и прогресивни идеи за развој на економијата и соживот, се наведува во поканата на објавена на Фејсбук. Наспроти реакциите на граѓаните, на терен се гради со полна пареа Изградбата на панромаското тркалопредизвика лавина реакции во јавноста не само од естетески аспект туку и сумата која што ќе се потроши за реализација  на градбата. Изградбата на тркалото првично беше проценета на 12 милиони евра, а сега ќе чини 18,3 милиони евра или околу 20 отсто од градскиот буџет.Палновите за инвестицијата и за сумата неколку пати се менуваа. Првично беше предвидено да Градот Скопје да го гради со пари од донации, но потоа инвестицијата му беше предадена на Јавното сообраќајно претпријатие со финансиска помош од донатори. Но на крајот се одлучи  изградбата да се реализира со јавни пари, а првиот донатор е државната  Агенција за електронски комуникации. Во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, договорот за изградба на панормаското тркало се најде меѓу топ 100 најголеми договори за јавни набавки во последните пет години. Но градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски неодамна изјави дека вредноста на објектот не е голема. Дел од архитектонската фела уште кога се донесе одлуката за изградба панорамското тркало но и сега алармираат дека архитектонските грешки се непоправливи. -Скопје и со и без Панорамското тркало веќе личи на ефтин Дизниленд. Грешките се непоправливи. Грев имаме сите. Нашите реакции се очигледно недоволни, бидејќи не даваат резултат. Едноставно не успеавме. Можеме да зборуваме колку сакаме дека праќавме дописи, дискутиравме, анализиравме, зборувавме, се собиравме, гушкавме, топлевме, референдум имаше. Воглавном архитекти го праве тоа, но очигледно не беше доволно. Но архитекти и ги направија проектите и изработија ДУП-овите.  Панорамското тркало како и се друго е одавна предвидено во ДУП-от Мал Ринг преработуван, се разбира, неколку пати од “Инпума“. Сега е само останат последниот чин. Ние не направивме доволно. Проектот не разобличи сите, нашата недоволна ангажираност, нашата летаргија, нашата преценетост, нашиот комформизам, вели Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседател на Асоцијацијата на архитекти. Во меѓувреме во коритото на реката Вардар  активно се подготвува теренот за изградба. Веќе се подигаат масивните столбови од левата и десната страна на коритото кои ќе ја држат конструкцијата на тркалото. За сметка на изградбата на тркалото е уништена и една од градските плажи за која се потрошила неколку милиони евра, а дополнително поради подготовката на теренот е попречено течението на реката. Според проектот, тркалото треба да има и ресторан, кафе-бар, продавница за сувенири и билетарница, ќе биде високо 73 метри, со дијаметар од 57 метри, ќе има 30 гондоли и капацитет за 240 возрасни и 60 деца. Панорамското тркало  дел од проектот „Скопје 2014“ Панорамското тркало е дел од проектот Скопје 2014, кој во јавноста се смета за еден од најконтроверзните  поради сумата за негова реализација. Првично беше најавено дека овој проект ќе лини 80 милиони евра, но според некои истражувања сумата досега е неколку пати надмината. Во едно од спроведените истражувања на Балканската истражуваќка репортерска мрежа(Бирн), Македонија, се посочува дека цената на новиот изглед на Скопје има скокнато над 560 милиони евра, а од околу четириесет промовирани нови споменици, фасади, скулптури и објекти во 2010 година за проектот „Скопје 2014“, до 2015 година се изградени тројно повеќе. На променета на изгледот на остро реагираат дел од архитектите, укажувајќи дека со овој проект тотално се девалвира нивната струка. -Разум и стручност не се бара, затоа се помалку и го има. Се се девалвира и се сведе на лажни архитекти, лажни професори, лажни академици, лажни скулптори. Познато е дека што помалку знаеш поспремен си слепо да поскушаш. Ова време е измислено за неквалитетни, нестручни, неспособни и тоа премногу долго трае, а враќањето во нормала ќе трае уште подолго. Треба да се формира градот и да се гради, особено капитални објекти. Се разбира дека тоа чини скапо, секогаш е така и секогаш е со народни пари. Но кога ќе се направи нешто што допринесува за поквалитетно живеење, поубав и пофункционален град тоа секогаш и се исплатува. Нас тоа не ни се случи. Ние добивме една густина на изграденост на несоодветна инфраструктура, создадовме кулиси кои не само што се со со скандалозно архитектонско обликување, туку се и функционално лошо решени и несоодветно урбанистички поставени, а згора на тоа имаме и неквалитетот во изработката на градбите. Се тоа заедно остава една многу лоша, но реална слика за општата состојбата на градежништвото кај нас. Затоа е архитектурата слика на времето кога е создавана. Во вакви услови и во ова време невозможно е да добиевме подобро, вели претседателката ААМ Раѓеновиќ Јовановиќ. Проектот Скопје 2014 беше најавен на почетокот на 2010 година, а во презентаци9јата беше наведено дека ќе има десттина нови објекти, нови фасади, мостови и дваесеттина споменици. Беше планирано да заврши лани, но реализацијата трае и годинава и за дел од објектите и натаму се одвојуваат дополнителни пари. Досега најмногу пари се потрошени за Стариот театар, Уставниот суд, Македонската филхармонија, Музејот на ВМРО и новата фасада на зградата на Владата. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....