16 Декември, 2025
0.0392

Словенечки дизајнер го осмисли изгледот на новиот производ на „Тиквеш“

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2014 13:38

Добивај вести на Viber

Креативното решение за брендирање на гроздовиот мед на ВВ „Тиквеш“ на дизајнерот Гаспер Стерн од Словенија е победник на меѓународниот конкурс организиран од Skopje Design Week (SDW) и Винарската визба „Тиквеш“. На јавниот повик кој беше објавен пред три месеци свои креативни решенија доставија 101 креативец од најразлични земји. Стручното жири имаше навистина тешка задача да го одбере најсоодветното дизајнерско решение од вкупно 202 кои пристигнаа на адресата на SDW. „Големиот број исклучително квалитетни креативни решенија уште еднаш го потврдува високото реноме што го има ВВ „Тиквеш“, како производител на уникатни автентични производи со врвен квалитет, но и како своевиден амбасадор на Македонија и нејзините убавини во светот“, изјави Орде Ивановски од винарската визба „Тиквеш“. Победничкото дизајнерско решение, кое доби парична награда од 2000 евра ќе биде искористено за брендирање на новиот производ на ВВ „Тиквеш“ кој ќе биде пласиран на пазарот под името - Гроздов медGrapelixir“ (Грејпеликсир). „Високата естетика и оригиналниот пристап употребен во дизајнерските решенија потврдуваат дека  гроздовиот мед на „Тиквеш“ поседува исклучителен и пред се уникатен идентитет и висока вредност што дизајнерите го препознале и совршено го преточиле во овие решенија за брендирање“, потенцираше Ивановски, искажувајќи го уверувањето дека отсега ВВ „Тиквеш“, освен по своите врвни вина, ќе биде препознаен од потрошувачите и како производител на гроздов мед со одличен квалитет и полезни состојки за здравјето на луѓето. Искажувајќи задоволство од соработката со Винарската визба „Тиквеш“, како и од квалитетот на сите пристигнати дизајнерски решенија, директорот на Skopje Design Week, Александар Велиновски рече: „Стимулирање на соработка помеѓу една светска компанија и дизајн секторот е предизвик за нас како организација. Жирито немаше воопшто лесна задача бидејќи во период од 2 месеци пристигнаа огромен број на предлози за гроздовиот мед, од врвни дизајнери до најмлади креативци. Вистинска штета е што само еден е победник. Интересот за учество во ваков тип на соработка расте и тоа ме куражи, следната година повторно да пласираме предлог модел за соработка помеѓу дизајн секторот и винарницата Тиквеш“. Ова е втора соработка од ваков вид меѓу ВВ „Тиквеш“ и Skopje Design Week. Минатата година беше објавен меѓународен натпревар на кој беше избрано уникатно дизајнерско решение за виното „Шардоне“ на ВВ „Тиквеш“. Задоволни од резултатите и успехот од досегашната соработка, од ВВ „Тиквеш“и SDW најавуваат дека и понатаму ќе продолжат да вложуваат во креирање силна синергија меѓу бизнис секторот и креативната индустрија.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив