Со анкета пазарџиите ќе одлучуваат за изгледот на бит-пазар
Објавено во: Македонија 13 Август, 2015
Пазарџиите од Бит-пазар, преку јавна анкета, ќе можат да дадат забелешки за урбанистичкиот изглед на пазарот. Анкетата е на второ скалило, по нацрт-верзијата на, а пред усвојување на неговата конечна верзија,
За ова вчера градоначалникот на Чаир Изет Меџити ги информирал пазарџиите.
"Градоначалникот, заедно со надлежните на секторот за урбанизам направија увид во делот околу процедурите за донесување на новиот детален урбанистички план за Бит-пазар. На посебна средба ги повика пазарџиите и им објасни дека во тек е јавна анкета, преку која тие, како засегната страна, и сите правни и физички лица од овој дел ќе може да дадат свои забелешки и сугестии околу новиот план", велат од Општина Чаир.
Со новиот план ќе се зголеми бројот на тезгите и ќе се направи и паркинг мето. На тој начин ќе се вклучат сите тезги кои сега се надвор од пазарот, со што ќе се отвори патот кон Театарот и улицата 192, а ќе се растовари и тротоарот до трговскиот центар "Мавровка".