19 Декември, 2025
0.0468

Со донација на 280 оброци, во ОКТА одбележан Денот на гладот

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2018 13:47

Добивај вести на Viber

Вработените во ОКТА уште еднаш ја покажаа својата хуманост, активно вклучувајќи се во одбележувањето на Светскиот ден за борба против гладот. Со колективно откажување од своите дневни купони за храна, вработените собраа парични средства со кои се обезбеди донација од 280 оброци за социјално загрозените семејства во државата. 


Пакетите со храна, преку Црвениот крст, исто како и минатата година, ќе бидат доставени до жителите на руралните средини кои не можат да си дозволат достоинствен оброк. Поддршката на иницијативата и масовноста на одѕивот од вработените се зголемува секоја година, што е потврда дека во компанијата постојано се надградува свеста за потребата од социјално одговорен ангажман.

Во рамките на оваа општествено одговорна активност, традиционално беше организирана и крводарителска акција во која учествуваа 100 крводарители од компанијата. Дарувањето крв е една од хуманите активности по кои ОКТА е препознатлива уште од почетокот на работењето на компанијата. Од 1982 година до денес се одржани над 130 крводарителски акции.


Од компанијата велат дека се особено горди што токму вработените се иницијатори на голем број волонтерски и хуманитарни активности што е најдобар доказ дека токму тие се еден од главните столбови на политиката за корпоративна општествена одговорност на ОКТА. 


Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство