Со потпис од Адеми две училишта во Чаир преименувани во албански имиња
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2015
Две македонски училишта во Чаир вчера со „амин“ на Министерството за образование беа преименувани и добија албански имиња.
Адеми го стави потписот училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“ да се викаат „Јашар-бег во Скопје“ и „Хасан Приштина“.
Изет Меџити градоначалникот на Чаир, на својот ФБ профиил напиша:
„Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот со што се менува и имињата на училишта („Јане Сандански” станува „Јашар-бег во Скопје” и на „Цветан Димов” во „Хасан Приштина “)“, објави Меџити.
„Во текот на постапката за промена на имињата се испочитувани сите законски одредби“, вели Меџити.