16 Декември, 2025
0.0632

Со Виатор и Вектор, вашиот бизнис секогаш е на добар пат!

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2016 08:49

Добивај вести на Viber

Виатор и Вектор доо Скопје веќе долги години важи за синоним за квалитетни и модерни логистички решенија. Огромното професионално искуство кое зад себе го имаат 86-те вработени, придонесе оваа компанија да стане водечки сегмент на полето на логистиката и шпедицијата во Македонија. Дополнителен показател за успешноста на оваа компанија е фактот што таа е една од најстарите во земјава кои се занимаваат со оваа дејност. Со 15 испостави на територијата на Македонија и складиште од 5.000 м2, Виатор и Вектор нуди комплетни логистички решенија како: царинско застапување, транзитно работење, организација на секаков вид на транспорт, складирање и дистрибуција. Клиентите можат во секое време да очекуваат ефикасна, оптимална и сигурна организација на сите видови транспорт на било која релација во светот и на секаков вид стока по копнен, воден и воздушен пат. 12356873_10207960489026967_8905985806014635914_o“Како компанија со долгогодишна традиција во извршување на овие услуги, не преферираме ниту еден пазарен сегмент, ниту сме тесно специјализирана само за одреден тип на услуги. Со тоа што нуди комплетни логистички решенија, нашата компанија се издвојува од конкуренцијата”, нагласува првиот човек на компанијата, Владо Коцаре. Како една од најстарите шпедитерски компании во Македонија, со реноме стекнато низ годините, Виатор и Вектор соработува со неколку водечки логистички компании од Европа и регионот. Во соработка со партнерите, компанијата нуди превоз на збирни пратки преку своите редовни збирни линии од и до Западна, Централна и Источна Европа како и преку редовните збирни линии од Македонија до Балканските држави и vice versa. “Заедно со нашите партнери располагаме со 5 дистрибутивни центри во Минхен, Дизелдорф, Братислава, Белград и Скопје со вкупна површина од 70.000 м2”, објаснува  Коцаре. За нивниот збирен транспорт карактеристично е тоа што редовните збирни линии се со точно утврдени термини на поаѓање и пристигнување, а преземањето на збирните пратки од било која држава се одвива во рок од 24-48 часа по добивање на нарачката за превоз. 2viator_gal_1Од компанијата објаснуваат дека се што треба да направите за Вашата пратка да стигне од и до која било дестинација во Европа, е да ја пополните формата на веб страната www.zbirnipratki.mk и тимот на Виатор и Вектор веднаш ќе одговори на Вашето барање. Понатаму, компанијата гарантира сигурно и навремено исполнување на барањата на клиентите,  оптимална достава од и до сите дестинации во Европа, транспорт од врата до врата и секако, како и навремена и точна испорака. За потребите на транспортот на збирни пратки, Виатор и Вектор Скопје заедно со своите партнери располага со складишта во 4 градови: Минхен (26.000 м2), Дизелдорф (30.500 м2), Белград (8.000 м2) и Скопје (5.000м2). Благодарение на партнерствата со Group 7 Ag International Logistics Минхен, Германија и Transped Pro Team Белград, од компанијата гарантираат широк спектар на интегрирани логистички решенија. “Заштедете пари и време со транспорт на вашите збирни пратки преку Виатор и Вектор. Со нас, вашиот бизнис секогаш е на добар пат”, порачуваат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив