Собирањето донации за поплавените завршува – колкава сума е собрана?
Објавено во: Македонија 29 Август, 2016
Вкупно 840.002 евра помош се собрани за поплавените семејства од скопско.
На жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 38.409.843 денари или 624.550 евра, а од донирањето 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400, собрани се 13.250.300 денари или 215.452 евра. Вкупната сума е 840.002 евра, соопштија од Црвен крст.
Акцијата денеска завршува, а по нејзиното завршување средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.
Од Црвениот крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од 23 август помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток – Скопје од 8 до 16 часот.
Рокот за донации беше пролонгиран затоа што имаше интерес.