26 Ноември, 2024
0.0260

Соларен парк Стипион - најголемата фотонапонска централа во Југоисточна Европа

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Стратешките инвестиции во енергетиката ќе се најдат пред пратениците на седница на Собранието која е закажана за утре, среда 7 февруари, кога ќе се гласа за потребата од овие проекти за Македонија. Се очекува претставниците на Владата да ги презентираат сите стратешки инвестиции кои се планираат, а се вкупно четири.

Во овој текст е претставена стратешката инвестиција „Соларен парк - Стипион“, фотонапонска централа на местото каде требаше да се гради карго аеродромот во Штип, за која според големината, се смета дека ќе биде најголемиот соларен парк во Југоисточна Европа. Со инсталирана моќност од 400 МW, „Стипион“ едноставно ќе ја постави Македонија на чело на енергетската транзиција во Европа.

Која е Акуо Енерџи?

Со седумнаесет годишно искуство, француската компанија Акуо Енерџи е пионер во имплементацијата на иновативни решенија за искористување на сончевата енергија. На веб-страницата на компанијата може да се види дека во своето портфолиото таа има реализирано проекти за обновливи извори на енергија со моќност од 3 гигавати, што е прилично импресивна количина. 

Акуо Енерџи е присутна во повеќе од 20 земји на пет континенти каде што има финансирано повеќе од 80 проекти за производство и развој на обновливата енергија. Акуо Енерџи е исто така пионер на моделот на агроволтаици, кој го комбинира производство на електрична енергија и земјоделски производи.

Ефекти од инвестицијата во однос на снабдувањето со електрична енергија и домашната економија

Овој соларен парк ќе произведува10% од потребите за електрична енергија на државата, вклучувајќи го и увозот. Според анализите, стабилно снабдување со електрична енергија ќе биде обезбедено за 94.000 домаќинства од регионот. Оваа инвестицијата е 100% странски капитал, бидејќи Акуо Енерџи ќе инвестира исклучиво свои средства без субвенции од државниот буџет на Македонија.

Во однос на цената на струјата и цената што ја добива државата за купување, договорот предвидува фиксна цена пониска од пазарната, односно берзанската цена, што е многу позитивно за македонските граѓани.

Една од дебатите во јавноста и негативните страни на фотонапонските панели е дека заземаат голема површина плодно земјиште. Заради ова, неодамна беа иницирани измени во законот за градба со кои се забрани поставување на фотонапонски централи на плодно земјоделско земјиште од класа 1 и 2.

Поставување на агроволтаични системи на дел од централата, значително ќе придонесе за зачувување на обработливата земја, поради што стратешкиот инвеститор Акуо Енерџи ќе соработува со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на пилот проект во регионот со цел да ги покаже предностите и придобивките од агроволтаиците – систем кој комбинира земјоделско производство на истото земјиште под соодветни соларни панели и кој ќе произведува струја без емисии на јаглерот која ќе им даде дополнителен извор на приходи на земјоделците.

Економски ефекти

Планираната градба треба да донесе отворање на значителен број нови работни места и ангажирање на домашни подизведувачи. Очекувањата се дека во текот на изградбата на терен ќе бидат мобилизирани до 800 луѓе и ќе се создадат 1.200 директни и индиректни работни места, кои ќе бидат главно наменети за локални работници. Не се за занемарување и приходите за локалната самоуправа и граѓаните од регионот преку наплата на бројни давачки што директно ќе се слеваат во општинските буџети. Од оваа инвестиција најмногу „ќе се офајди“ Општина Штип, но и целиот регион ќе има придобивки.

Оправданоста на оваа инвестиција ќе биде презентирана од членовите на Владата во Собранието. Еден од клучните аргументи е дека со овој модел се обезбедуваат ниски и контролирани односно предвидливи цени на електричната енергија на долг рок (во случајов во период од 30 години), но ќе ги намали трошоците на државниот буџет со избегнување на дополнителни флуктуации,  негативните трендови на пазарот на енергија и идни глобални енергетски кризи како оваа што ја доживуваме во моментов.

Согласно договорот, годишната инфлација е ограничена на 2% за целото времетраење на договорот, со што се спречува поскапувањето на електричната енергија и претставува исчекор во спроведувањето на енергетската транзиција, што според проектните анализи, ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2 во воздухот во износ од 380 илјади тони годишно.

Прва голема инвестиција од Франција, можност за нови проекти во иднина

Анализата на странските инвестиции покажува дека ова е прва голема француска инвестиција во Северна Македонија која има поддршка од француската Влада и нивните претставници во земјата. Проектот несомнено ќе ги зацврсне македонско-француските економски и политички врски. Ова е добра вест ако знаеме какво е влијанието на Франција во Европската Унија и нивната улога во нашите евроинтеграции. Дополнително, една инвестиција често повлекува и друга, па така се отвора ново поле на соработка меѓу двете држави. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

За повеќе забава со А1 припејд: Нов месечен припејд пакет со 50GB преку Мојот А1

За повеќе забава со А1 припејд: Нов месечен припејд пакет со 50GB преку Мојот А1

ТИТАНИУМ – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ СО ВОЗИЛА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

ТИТАНИУМ – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ СО ВОЗИЛА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Промоција на станбениот кредит од Халкбанк

Промоција на станбениот кредит од Халкбанк

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНА: ИВИЦА ЖИВКОВСКИ Е МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.392.276 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНА: ИВИЦА ЖИВКОВСКИ Е МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.392.276 ДЕНАРИ

Успешно заврши настанот „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, организиран од М6 Едукативен центар

Успешно заврши настанот „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, организиран од М6 Едукативен центар

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ