Спасовски вети враќање на позорникарите за поголема безбедност
Генералниот секретар на СДСМ и актуелен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на средба со граѓаните на Карпош кажа дека во нивната партиска програма се предвидува воведување на маалски полицајци позорникари.
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2016
Позорникарите ќе патролираат низ населбите за поголема безбедност на граѓаните, намалување и превенција од кражби, намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир, други девијантни појави.
„Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател - заштитник во секое време. Да може секој од нас да му се обрати за каков било проблем. Никој да не се чувствува дека е сам, зашто нема да биде сам. На ова конкретно се обврзуваме во програмата на СДСМ. Полицајците позорникари ќе се грижат за проблемите и потребите на граѓаните. Нашата цел е тие да ја зацврстат довербата помеѓу граѓаните и полицијата, бидејки тоа може многу да помогне за заштита на секој од нас. Ако граѓаните се чувствуваат безбедно, тие ќе се движат слободно, ќе бидат мотивирани да бидат активни во средините во кои живеат. Така ќе придонесуваат и за развојот на општеството“ - изјави Спасовски.
Тој вели дека ќе создадат полиција за граѓаните, којашто ќе биде организирана исклучиво според потребите на граѓаните.