Добивај вести на Viber
Градот Скопје ќе склучи договор со компанијата “ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО”, која ќе биде задолжена за одржување на мостот Гоце Делчев. Компанијата веќе го изработила проектот за одржување вреден 6.500 евра без ДДВ. Од Градот наведуваат дека се работи за донација. Се работи за компанија која досега ги реализирала дел од најкрупните проекти во земјава во областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина
Со проектот за употреба и одржување на мост Гоце Делчев е предвидена санација на надворешниот дел кој веќе подолг период е оштетен.
По препорака на експерти од Градежниот факултет Скопје и фирмата Фрејјссинет Интернационал и Компанија предложија да се изработи Проект за употреба и одржување како би се санирале посочените недостатоци. “ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО” е согласна да учествува во реализацијата на проектот со изработка на Проект за употреба и одржување на мост Гоце Делчев. Врз основа на обврска за одржување на мостови како надлежност на Градот Скопје, во изминатиот период Градот Скопје има учествувано во повеќе наврати со инвестиции во мостот Гоце Делчев како еден од по приоритетните мостови во Градот Скопје. Во досегашните интервенции беше опфатено конструктивна санација на мостот Гоце Делчев како и промена на огради и осветлување, се посочува во образложението на Градот Скопје.
Предлог одлуката за примање донација на Проект за употреба и одржување на мостот Гоце Делчев, е ставена на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје закажана за следната недела.