27 Октомври, 2024
1.2289

Средбата на мешовитата историска комисија заврши само со запознавање

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Средбата на мешовитата историска комисија помеѓу новиот состав на македонските експерти и веќе познатите бугарски историчари заврши со меѓусебно запознавање денеска во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Копретседавачот од бугарската страна Ангел Димитров за медиумите рече дека средбата била  само протоколарна и дека се зборувало само за технички и општи работи. Тој додаде дека ќе бидат потребни барем две-три средби за да се навлезе во суштината на она што го мислат новите претставници на македонскиот дел од комисијата.

Бугарската делегација од Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски и образовни прашања пристигна во МНР на закажаната средба со целосно подновената македонска делегација. Димитров кој ја предводи бугарската делегација пред новинарите изјави дека нема информации за тоа како ќе се одвива средбата и дека не ги познава новите членови од македонската делегација, освен претседателот проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, кој и претходно беше член на Мешовитата комисија но во меѓувреме поднесе оставка.

На 10 септември Владата ги смени историчарите од македонската делегација обвинувајќи дека претходниот состав „не бил бранител на националните интереси на македонскиот народ“. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а други членови се Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Во своето седумгодишно заседавање Комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Св. Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во бугарските учебници.

Последната средба на Мешовитата комисија за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија се одржа на 30 и 31 мај во Софија, додека наредната средба закажана во Скопје во септември но беше одложена за денеска. 


Можеби ќе ве интересира

Комисијата за помилувања на Силјановска Давкова си даде колективна оставка

Комисијата за помилувања на Силјановска Давкова си даде колективна оставка

Се зголемува бројот на заболени од вируси

Се зголемува бројот на заболени од вируси

Ботаничката градина во Карпош стана изборна измама?

Ботаничката градина во Карпош стана изборна измама?

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ