СРЕДНОШКОЛСКИ МАРШ: Скопските улици повторно ќе ги красат илјадници млади
Објавено во: Македонија 22 Април, 2015
Заедно утре студентите и средношколците ќе излезат на марш против лошите реформи во средното образование.
Имено, од Студентскиот пленум повторно повикува на студентски марш, овој пат на марш за поддршка на Средношколскиот пленум пред платото на УКИН.
„Веројатно многумина од вас ќе се запрашаат зошто токму марш? Зошто не само поддршка по социјалните мрежи и преку соопштенија за јавност? Затоа што сме дел од еден заеднички образовен систем. Затоа што овие ученици се нашите идни колеги, нашите браќа, сестри, братучеди, комшии, другари. Затоа што со овие ученици утре треба да градиме заедничка иднина. Затоа што исто како и нас, никој не сака да ги слушне. Студентскиот пленум одново се одважи да застане во одбрана на образованието и ги поддржува средношколците во нивните барања! Затоа да излеземе заедно со нив и да ја покажеме моќта, цврстината и заедништвото на идните генерации. Бидејќи во една прилика кажавме: ако замолчиме сега, засекогаш ќе нѐ болат устите!“, стои во нивното образоложени зошто тие излегуваат на протест.
Предвидено е студентите да го започнат мирниот марш од Плато на УКИМ се до Влада на РМ, каде ќе се приклучат на маршот на средношколците - па до МОН.