16 Декември, 2025
0.0447

Станува ли Македонија таблетоманска нација?

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2014 19:08

Добивај вести на Viber

Дури 9,5 милиони рецепти се реализирани во Македонија првите шест месеци годинава. Тоа значи дека секој осигуреник истиот период ипил по 5 кутии апчиња, пишува zdravstvo24.mk.

Според анализите на Фондот за здравство, потрошувачката на лекови годинава е за 8 проценти поголема од првата половина во 2013. Односно, бројката од година во година константно расте.

Експерти велат дека Македонија станува таблетоманска нација. Најмногу лекови испиле скопјани. Во главниот град за првите 6 месеци биле реализирани 3 милиони рецепти. По 500 000 рецепти биле издадени во Тетово, Битола, Куманово, Прилеп и Струмица а по 300 илјади во Велес, Охрид и Гостивар.

Освен рецептите се зголемуваат и парите кои Фондот ги издвојува за лековите. Само за првите 6 месеци потрошиле над една милијарда денари. Таа сума е за 7% повеќе од 2013.

Алармантните бројки укажуваат на фактот дека или сме болна нација или пак без потреба се голтаат апчиња. надлежните најавија засилување на контролите за да видат за што и како лекарите пропишуваат антибиотици. Еналаприл за регулирање на крвниот притисок е најкористен лек по бројот на рецепти во првата половина на 2014. Веќе 5 години е на врвот на 10 најкористени лекови. Според анализите најмногу го пиеле беровчани а најмалку гостиварчани. Високо на табелата е и лекот диазепам за кого за 6 месеци биле издадени над 400 илјади рецепти.

(Извор: zdravstvo24.mk)

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив