16 Декември, 2025
0.0713

„Stone Bridge Suites“ апартмани – хотелски третман во домашен амбиент

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2016 15:49

Добивај вести на Viber

Се отворија Stone Bridge Suites, 23 луксузно опремени апартманикои ќе се издаваат под наем во рамките на современиот бизнис и резиденцијален комплекс CAPITOL Mall & Residence во Скопје. Апартманите претставуваат круна на успешната долгогодишна приказна на професионалниот тим кој стои зад луксузниот хотел Stone Bridge во центарот на градот. Искуството на тимот во угостителските дејности придонесе да се создаде поинаков модел на хотелијерство и сместување кој одговара на потребите на гостите, чиj приоритет е да добијат хотелски третман во домашен амбиент.

_MG_3475

Апартманите се погодни за сместување на бизнис  партнери и други гости, бидејќи нудат комоција, а третманот кој го добиваат гостите е хотелски. Тие имаат промотивна цена од 50 евра од први јуни до први септември 2016. Посетителите ќе имаат можност да уживаат и да се чувствуваат како дома, а истовремено да ги користат сите придобивки како во хотел од висока категорија.

stone bidgez

Секој од апартманите  во Stone Bridge Suites се простира на 72м2 модерно уреден простор, целосно опремен со функционален мебел. Исполнети со природна дневна светлина и стилски избор на комфорен мебел, апартманите овозможуваат поинакво сместувачко искуство во градот. Апартманите се со 24 часовно обезбедување, гостите имаат обезбедено користење на фитнес центар, како и бесплатен паркинг, а влезот од паркингот до апартманите е преку приватен лифт . Секако преку услугите на 24 часовната рецепција можат да добијат и дополнителна услуга, доколку имаат потреба.

_MG_3657

Stone Bridge Suites се апартмани каде гостите уживаат беспрекорни услуги на луксузен хотел, а ја чувствуваат посакуваната приватност како во својот дом. Замислен е таков модел на угостителство и домување кој им овозможува на гостите безгрижен престој во просторен и целосно опремен апартман кој може да се резервира и за повеќемесечен престој по прифатлива цена.

_MG_3687

Stone Bridge Suites апартманите  имаат комплетно опремена кујна подготвена да одговори на кулинарските потреби на гостите, кои уживаат во приготвувањето на храна за себе и своите блиски. Спална соба опремена со пространи кревети со софистициран, анти-алергиски душек. Купатило со сите неопходности за приватниот престој на гостите и нивните семејства. Елегантен дневен престој, со пространа гарнитура, ЛЕД ТВ приемник со голем избор на сателитски програми и панорамски поглед кон градот и околните планини.

Апартманите се во локациска предност од секој можен аспект што овозможува брз и лесен пристап до скопскиот аеродром и деловниот центар на градот, а како составен дел на Капитол мол и достапност на сите атрактивни содржини на еден современ трговски центар. Ексклузивни бутици, ресторани и кафулиња, куглана, детска игротека и фитнес центар, аптека, супермаркет, се само дел од можностите кои на гостите на Stone Bridge Suites им се на прагот. http://stonebridge-suites.com/

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив