Странските инвеститори донираа 200.000 денари во хумани цели
Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2016 14:09
Рекордни 200.000 денари собрани на „Светскиот пикник“ овој викенд, денес беа донирани во хуманитарни цели. Советот за странски инвеститори при Стопанска комора Македонија ги донираше собраните средства во народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле и во Хуманитарно здружение „Хилал“.
„Ни причинува особено задоволство што им овозможивме на граѓаните да вкусат автентични интернационални рецепти, но што е најважно успеавме во нашите хумани намери да собереме парични средства кои ќе ги подариме на оние граѓани на кои храната им е најпотребна. Собраните средства ќе бидат поделени на две еднакви половини за двете народни кујни кои функционираат на ниво на град Скопје. Се надеваме овие средства за нив ќе бидат добредојдени и во иднина ќе креираме слични поводи за вакoв тип на настани“, изјави г-дин Петер Штефан, Претседател на Советот на странски инвеститори и Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија .
„Би сакале да се заблагодариме од името на народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле за ваквиот хуман гест кој е од големо значение за сите нас . Средствата ќе ги искористиме за сите неопходни прехрамбени производи со кои ги згрижуваме секојдневно нашите штитеници“, изјави отец Костадин Малинов од народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле.
„Секоја помош за нас е добредојдена, посебно сме среќни кога станува пракса важните јубилеи да се прославуваат со некој хуман гест. Се надеваме ваквиот настан ќе послужи како пример и за останатите компании и организации во општеството“, изјави Мустафа Даути претседател на хуманитарната организација „Хилал“.
Со хуманитарниот пикник во Градскиот парк во Скопје, Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија го одбележа 10 годишниот јубилеј. На светскиот пикник граѓаните имаа можност да пробаат карактеристични рецепти од 11 различни земји од каде потекнуваат странските инвеститори во Македонија. Основната цел на Советот е и во иднина да продолжи да работи на подобрување на севкупните општествени и економски прилики во Македонија до кои може да се дојде само со партнерство и заеднички, транспарентен дијалог со локалното население, бизнис партнерите, но и со надлежните институции.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




