Страшно невреме во Скопје – најкритично во Стајковци
Објавено во: Македонија 07 Август, 2016
Обилни врнежи од дожд и силно невреме синоќа го зафатија Скопје, при што најкритично беше во Стајковци.
Таму ноќеска беа испратени припадници на војската и на специјалните единици.
Специјалните единици, претходно успеале да се пробијат до возилата што беа заглавени на скопската обиколница. Повеќе од 30 возила беа заглавени приближно час и половина, поради свлечиште кое формирало насип, а водата влегувала и во возилата. Заглавените граѓани побараа помош преку социјалните мрежи.
Мобилизирани беа екипи на јавните претпријатија на градот Скопје, противпожарната единица, Водовод и канализација, комунална хигиена, водовод и патишта, МВР и други.