15 Јануари, 2025
0.0286

Стратегија за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во наредните пет години до помалку жртви во сообраќајот преку Национална стратегија за унапредување на безбеденост на сообраќајот на патиштата која беше промовирана денеска.

Целта на стратегијата е бројот на жртви до 2020 година да се намали  до просекот на бројот на жртви во членки на Европската унија, на жртви млади возачи за 30 проценти, на сериозно повредени за 40 проценти, а на деца-жртви во сообраќајот да се сведе на нула.

Според вицепремиерот Пешевски оваа стратегија во наредните пет години би требало да ги спаси животите на 250 до 300 сограѓани и да се намали бројот до 50 жртви помалку на годишно ниво.

Тој потенцираше дека секоја несреќа која ќе резултира со загубен живот значи загуба за секое општество и неуспех на истото, и безбедноста  на патиштата мора да стане  интегрален дел на субјектите надлежни за безбедност на патиштата на граѓаните.

„Со оваа стратегија ќе се спасат многу животи, а финансиските средства инвестирани во соодветно избрани елементи од безбедноста во сообраќајот не се трошок, туку инвестиција и оти се поврзани со висок степен на поврат на инвестицијата“, истакна Пешевски.

Согласно оваа Национална стратегија МВР ќе продлжи со зачестени контроли  на сообраќајната полиција, како и силната медиумска поддршка за да се намали  што повеќе бројот на загинати и повредени во тек на годината.

Фактот дека вопрвата половина од годинава во сообраќајни незгоди се загинати 52 лица, а во истиот период лани 71 лице говори дека сме на добар пат да го задржиме трендот на намалување кога правиме споредба со состојбите во 2014 година во која имавме историски најмал број на загинати и повредени во сообраќајни незгоди во Македонија, рече минстерот Чавков.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира