16 Јануари, 2025
0.0272

Стружанецот кој го предвиде невремето во Скопје повторно предупредува …

Објавено во: Македонија 20 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Славчо Попоски е Стружанецот кој и стана познат на јавноста отакако го предвиде силното невреме кое однесе 22 животи во скопскиот регион.

Метеорологијата му е хоби, а  денеска тој повторно предупредува на неговиот фејсбук профил :

ПОЧИТУВАНИ: ВЕ ЗАМОЛУВАМ ДА ЈА СПОДЕЛИТЕ ОВАА МНОГУ ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ НЕ СМЕ ЗНАЕЛЕ И НЕ ИЗНЕНАДИ! ВИ БЛАГОДАРАМ!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД , ГРМЕЖИ , ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ! ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО!

За време на овој викенд како и во понеделник во предпладневните часови ќе имаме претежно стабилно , суво и многу топло време. Сепак не се исклучува можноста за развој на нестабилност на некои места во текот на овој викенд.

Почнувајќи од понеделник попладне територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад. Поради тоа на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд , грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд , силен ветер , силни електрични празнења и град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни електрични празнења ве предупредуваме на крајна предпазливост и да избегнувате предстој на отворен простор и под осамени дрвја.

Понеделник доцна попладне и навечер поради продор на студена воздушна маса од север ќе започне да дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец кој ќе предизвика ГОЛЕМ пад на температурите (за повеќе од 10 степени).

Свежото време со повремени поројни врнежи од дожд и локални грмежи ќе се задржи во поголемиот дел од следната недела. Температурите кои се очекуваат ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат пониски од вообичаените дури и за 10 степени.

Очекувајте нова и обновена прогноза!

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира