12 Декември, 2024
0.0281

СУДОТ ОДЛУЧИ: Осум од групата на Ковачевски одат во притвор, еден во куќен – определени мерки и за ексдиректорот на ЕСМ

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост против 23 лица кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со акцијата од обвинителството означена како „Адитив“, донесоа решенија со кои:

По произнесување на Јавниот обвинител и приведените осомничени лица, во присуство на нивни бранители, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлозите за определување мерки, за осомничените : В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М. го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165. ст.1, т.1., 2. И 3. од ЗКП, односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото, за осомничениот М.С. , имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор. 

„За осомничените: Д.С., С.М., П.Ч., Д.С., А.М., З.Н., З.А., С.М., М.В., Д.Ч., В.М., Н.Н. и С.К., судот го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1, т.2, 3. и 6. односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за одржување и воспоставување контакти, како и т.7 за одредени лица односно Забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело“, велат од Основен кривичен суд Скопје. 

Што се однесува до осомничениот В.К. кој, до овој момент не е лишен од слобода ниту е спроведен или се јавил во судот, до Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот Јавен обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1, т.2, 3. и 6. односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот и Забрана за одржување и воспоставување контакти, за кои судот дополнително ќе одлучува откако истиот ќе биде обезбеден од органите на прогон. Јавноста треба да биде запознаена дека согласно Законските одредби судија на претходна постапка не може да определи построги мерки за обезбедување присуство од мерките кои ги предлага Јавниот обвинител. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставен суд ја одложи одлуката за јазиците, ДУИ го тргна шаторот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставен суд ја одложи одлуката за јазиците, ДУИ го тргна шаторот

КОРИСНИЦИТЕ ПРИЈАВУВААТ ПРОБЛЕМИ: Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

КОРИСНИЦИТЕ ПРИЈАВУВААТ ПРОБЛЕМИ: Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

ДУИ ГО ПОВЛЕЧЕ ШАТОРОТ ОД ПРЕД УСТАВЕН: Велат за три месеци пак ќе го постават

ДУИ ГО ПОВЛЕЧЕ ШАТОРОТ ОД ПРЕД УСТАВЕН: Велат за три месеци пак ќе го постават

УЧЕНИК ОД ВЕЛЕС ПРЕТЕПА СОУЧЕНИК: Обвинителството поведе постапка за насилството

УЧЕНИК ОД ВЕЛЕС ПРЕТЕПА СОУЧЕНИК: Обвинителството поведе постапка за насилството

„ЛИЧЕН УДАР“: Еве Груби како реагира на одлуката на Стејт Департментот

„ЛИЧЕН УДАР“: Еве Груби како реагира на одлуката на Стејт Департментот

ЛАЈЧАК ЗА ПРЕГОВОРИТЕ: Северна Македонија нема време за чекање

ЛАЈЧАК ЗА ПРЕГОВОРИТЕ: Северна Македонија нема време за чекање

ТУРЦИТЕ НАЈБРОЈНИ ГОСТИ: Во октомври дошле 23.838 посетители од Турција

ТУРЦИТЕ НАЈБРОЈНИ ГОСТИ: Во октомври дошле 23.838 посетители од Турција

АХМЕТИ: Oвој ден потсетува кога „Слободан Милошевиќ ја задушуваше автономијата на Косово“

АХМЕТИ: Oвој ден потсетува кога „Слободан Милошевиќ ја задушуваше автономијата на Косово“

ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ ТРЕБАШЕ ДА СВЕДОЧИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО: Избегал затоа што подметнал пожар во кафуле

ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ ТРЕБАШЕ ДА СВЕДОЧИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО: Избегал затоа што подметнал пожар во кафуле