Добивај вести на Viber
Т-Мобиле ги известува корисниците дека во изминатиот период (март и април) имаше зголемен број на спам повици и СМС, од броеви што почнуваат на +88, +22 и +21 и +29. СМС пораките кои циркулираа беа обично со содржина „Имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“.
Доколку броевите беа пријавени, Т-Мобиле веднаш ги блокираше. Но, оние корисници кои бирале повратно на спам броевите, ќе добијат или веќе добиле несакани трошоци, најавуваат од компанијата.
„Иако не станува збор за пропуст на мобилниот оператор, заради сигурноста и задоволството на нашите корисници, одлучено е сите трошоци од горенаведените броеви и СМС да се отпишат од априлската сметка (воопшто да не се прикажат во сметката), а сите приговори во врска со вакви трошоци од март, да бидат прифатени и корисниците да бидат обештетени“, соопштуваат од Т-Мобиле.
Според мобилниот оператор, станува збор за појава, која не е нова и не е локална и во наредниот период останува да важи советот ДА НЕ СЕ БИРА ПОВРАТНО НА ВАКВИ БРОЕВИ!