Талат Џафери поканет на ратификувањето на приемот на Македонија во НАТО во албанскиот парламент
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019
Комисијата за закони на албанскиот парламент едногласно го одобри протоколот кој го отвора патот за ратификација на Протоколот за влез на Македонија во НАТО.
Гласањето на пленарна седница во законодавниот дом во Тирана ќе биде во четврток, кога исто така се очекува без проблеми да се изгласа едногласно приемот на Македонија како нова членка на НАТО.
Се очекува Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание, да присуствува на седницата на албанскиот парламент в четврток.
Минатиот петок грчкиот Парламент го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО два дена по свеченоста во седиштето на сојузот во Брисел.
Овие денови се очекува Протоколот да го ратификува и словенечкиот парламент.