17 Декември, 2025
0.0579

Театар на сенки и акустична музика за „Час на планетата Земја“

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2016 13:50

Добивај вести на Viber

На 19 март во 20 часот и 30 минути, светот ќе испрати уште една симболична порака за заштита на Земјата. Историски обележја, домови, излози и многу други објекти на сите континенти ќе бидат 60 минути во темнина по повод одбележување на Часот на планетата Земја. ЕВН Македонија и годинава ќе ја поддржи акцијата со симболично исклучување на светлечките реклами на своите објекти и организирање на едукативен настан за поттикнување на енергетската ефикасност.

Се работи за уникатен перформанс – театар на сенки и акустична музика што ќе се одржи во Даут пашиниот амам во старата скопска чаршија. Гостите ќе можат да ја проследат специјалната претстава посветена на Часот на планетата Земја, а сите заинтересирани, во интерактивниот дел од претставата, ќе можат да научат како и самите во своите домови да изведат театар на сенки.

Cas na planetata zemja_E pokana_mk

ЕВН Македонија и оваа година ќе го поддржи здружението „Часот на планетата Земја во Македонија”. Поддршката се состои во заедничка организација на наградниот конкурс на тема „Како го одбележавте Часот на планетата Земја?“. Во рамки на конкурсот, ќе се одберат најдобрите 10 фотографии и видеа од одбележувањето на часот на планетата Земја во Македонија. Наградените ќе добијат сет од 10 ефикасни лед светилки. Во конкурсот ќе учествуваат сите оние кои на социјалните мрежи ќе објават фотографија или видео со ознаката #EarthHourMK или пак ќе ги испратат преку емаил на konkurs@earthhour.mk.

По ноќните читања со ЕВН за Часот на планетата Земја, ова е уште еден придонес на компанијата кон оваа планетарна акција чија цел е да се подигне свеста на луѓето за разумното користење на електричната енергија и климатските промени како последица.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив