Tелото на малиот Иван е најдено, се трага по девојче
Објавено во: Македонија 09 Август, 2016
Телото на малиот Иван Илиев синоќа околу 20.40 часот го пронашол татко му на последната автобуска постојка со број 65 во Сингелиќ.
По извршената идентификацијата телото е предадено на семејството. Иван е 22 жртва од невремето.
Таткото претходно пријавил дека неговиот син во моментот на невремето бил со неговиот дедо на трактор кога наишол голем воден бран, по што тракторот се превртел, а водата почнала да го носи детето кон местото вика Попово Маало.
Дополнително, екипите трагаат и по 16 месечно девојче Елиф Фејзула кое нејзиниот чичко вчера попладне го пријавил за исчезнато.
Во моментот на страшното невреме по обиколница со автомобил се движеле таткото и бебето. Голем воден бран почнал да го носи автомобилот по што на малото девојче му се губи трагата, а таткото починал.