Тимовите за проценка на штети посетиле над 2000 домаќинства
Објавено во: Македонија 13 Август, 2016
Во повеќе од 2000 домаќинства е извршен увид, а попишани се над 500 оштетени возила од поплавите во скопско.
Деновиве тимовите за проценка на штети интензивно работат на терен. Околу 60- тина екипи вршат увид и попис на штети на недвижен, движен имот, возила, сточен фонд и земјоделски површини.
Се евидентираат и штетите на земјоделските посеви. Досега поминати се 420 домаќинства кои се занимавале со земјоделство. Надлежните соопштија дека сите граѓани кои се занимавале со земјоделска дејност ќе бидат обештетени 100 проценти и дека поплавите нема да доведат до зголемување на цените на зеленчукот и овошјето.
Засега нема појава на заразни болести во овие населени места. Помош пристигна од повеќе компании, организации, граѓани, пријателски земји и други.
Во меѓувреме теренот се расчистува за да животот се врати во нормала што побрзо.