ТОПЛО КАКО ВО ЛОНЕЦ: Македонија се пржи, и ноќите се тропски!
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2015
Со исклучително висока дневна температура која надминува и 40 степени, ширум земјава и ноќите се „тропски“ бидејќи ни тогаш во поголем дел од градовите температурата не се спушта под 20 степени.
Посебно е тешко во Скопје, каде минатата ноќ само неколку часа температурата се спушти под 25 степени, а денес, според метеоролошката прогноза највисока темература беше најавена дневна од 39 степени, со зголемена влажност на воздухот.
Најтоплите делови и денес се југоисток и север, каде се очекува температура до 40 степени.
„Најсвежно“ денес ќе биде во охридско-преспанскиот регион каде е најавена максимална температура околу 34 степени.
Најавените 40°С се постигнаа во 17 часот во Гевгелија. Демир Капија за некоја ситна децимала надмина 39°С.
Горештините кои траат со денови, предизвикаа шумски пожари во регионот на Куманово, и на Галичица, над Охридско езеро.
Нема предупредувања и дополнителни препораки од надлежните за заштита на населението и за стопирање на работата на отворено кај градежниците и бремените жени.
Граѓаните мора да бидат заштитени со соодветна облека и да не стојат под сонце повеќе од 10 минути.