Тотал инжинеринг: Немаме никаков деловен однос со компанијата која Мицкоски ја наведува
Објавено во: Македонија 30 Април, 2018 20:02
На денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која се однесуваше на наводна работа на механизација која е сопственост на Тотал инжинеринг во РЕК Битола, од компанијата реагираат.
„Тотал инжинеринг, водејќи се од принципиелни и објективни причини и со цел да оневозможи каков било конфликт на интерес при својата работа, неодамна изврши продажба на севкупната механизација (камиони, багери, ваљаци, булдожери и останато). Тотал инжинеринг нема никаков деловен однос со компанијата која Мицкоски ја наведува, во обид да конструира непостоечки лажен случај. Затоа, уште еднаш потенцираме дека механизацијата на Тотал инжинеринг, ниту пред продажбата, ниту после тоа, не била и не е ангажирана во ниту една постапка во РЕК или во која било друга државна институција. Оттука, лажните обвинувања на Мицкоски ги сметаме единствено за низок, непромислен и неуспешен обид на неговата партија да го извалка името на премиерот, неговите роднини и компанијата Тотал“- наведуваат од компанијата.
Велат дека за изнесените невистини ќе следува соодветна судска постапка, а во меѓувреме јавно ги повикуваат институциите (обвинителството и финансиската полиција), но и сите невладини организации кои се занимаваат со отчетност и транспарентност, да ги истражат детално обвинувањата на Мицкоски и јавно да се произнесат дали Тотал инжинеринг има каква било индиректна или директна релација со евентуални тендери во државни или јавни институции.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




