ТРАМП ТВИТНА ВИДЕО ОД БОЛНИЦА: Се чувствувам подобро, едвај чекам да ја завршам кампањата
Објавено во: Свет 04 Октомври, 2020
Американскиот
претседател Доналд Трамп, кој од вчера е хоспитализиран, се огласи од воената
болница „Волтер Рид“ на својот профил на Твитер, прво заблагодарувајќи се на
медицинскиот персонал за професионалноста и работата што ја завршиле.
-Сега се чувствувам многу подобро. Работиме напорно за да се вратиам што е можно побрзо затоа што имаме уште многу да направиме за да ја направиме Америка повторно голема. Ќе се вратам наскоро и со нетрпение очекувам да ја завршам кампањата на начинот на кој ја започнавме, вели Трамп.
Истовремено тој додава дека завршил во болница бидејќи не бил подготвен да ги слуша советите да се затвори во Белата куќа и да не контактира со никого.
-Не сакав да
останам во Белата куќа и да се кријам и да чекам да видам што ќе се случи.
Лидерите мора да се соочат со проблемите, изјавил Трамп, нагласувајќи дека неговата
сопруга Меланија е добро.
-Таа е малку помлада од мене и го поднесува ова како што се очекува за
нејзините години, вели американскиот претседател.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 3, 2020