TРАМП ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ КОВИД: Има проблеми со високиот притисок и е во ризичната група
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2020
На само еден
месец прет претседателските избори во САД, кои треба да се одржат на 3 ноември,
со воениот хеликоптер „Марин оне“ американскиот претседател Доналд Трамп итно е
префрлен во медицинскиот центар Валтер Рид, откако претходно беше потврдено
дека е заразен со корона вирусот. Од Белата куќа информираат дека тој ќе мора да биде хоспитализиран неколку
дена зошто 74-годишниот претседател има проблеми со притисокот и е во ризична
група.
-Претседателот прими коктел од лекови, се чувствува уморно, но е добро расположен, и ќе биде сместен во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид. Од претпазливост, по совет на својот лекар и медицински експерти, претседателот ќе работи од претседателскиот кабинет во Валтер Рид следните неколку денови, соопштија од Белата куќа.
Во текот на вчерашниот ден Трамп даде официјална изјава тој и првата дама Меланија Трамп се позитивни на ковид-19 и ќе се обидат да се опорават. Двајцата најверојатно се заразиле од првата советничка на Трамп, Хоуп Хикс, со која тој во текот на неделава повеќе пати патуваше.