Трансформација на компјутерски искуства: Пристига петтата генерација на Интел фамилија на процесори
Објавено во: Мои пари 08 Јануари, 2015 17:59
Интел ја откри петтата генерација од Intel® Core™ фамилија на процесори. Градена на најсовремениот 14нм процес на мануфактура, петтата генерација на Интел процесори испорачува премиум перформанси, прекрасна графика и овозможува подобрен работен век на батеријата со што го носи компјутерите на следното ниво. Перформансите дополнително овозможуваат природни и интерактивни искуства со Intel® RealSense™ технологијата, Intel® Wireless Display (Intel® WiDi) и гласовните асистенти.
„Broadwell” микроархитектурата се очекува да биде најбрзата мобилна транзиција во историјата на компанијата, нудејќи им на потрошувачите широк избор и достапност на уреди, процесорите од петтата генерација на Интел се направени за следната генерација компјутерски уреди со цел да понудат тенки, лесни и поефикасни искуства преку традиционални лаптопи, 2 во 1 уреди, „All-In-One“ и „mini“ компјутери.
Интел исто така го започна испорачувањето на својата следна генерација на 14нм процесори за таблети, со кодно име „Cherry Trail”. Новиот систем на чип ќе понуди нови искуства како Intel® RealSense™ технологија, безжично поврзување и Intel® Context Aware™ технологија. Новите продукти базирани на „Cherry Trail” ќе бидат претставени во првата половина од 2015 година.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




