17 Декември, 2025
0.0331

ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: „LYCAMOBILE“ официјално стартува во Македонија

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2016 14:35

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани ќе може да ги уживаат придобивките од  Lycamobile  и нивните нискобуџетни тарифи за национални, меѓународни повици  како и интернет сообраќај.

Понудите на Лајкамобајл особено ќе им бидат привлечни на граѓаните кои имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. Лајкамобајл нуди импресивни цени без трошоци за роаминг во дури 18 земји во светот.

Ова е одраз на широката визија на компанијата, која се стреми да им овозможи на корисниците да се поврзат со своите пријатели и семејства ширум светот по најповолни цени.

Кандидатскиот статус на Македонија за влез во Европската Унија од 2005 година овозможи блиски економски врски со Унијата, што резултираше со зголемен развој во телекомуникацискиот сектор како подготовка за посериозна конкурентска средина.

Следствено на тоа, во 2015 година Македонија оствари импресивна стапка на раст во мобилната телефонија од 108%, поради што Лајкамобајл донесе стратешка маркетинг одлука за да ги искористи предностите на таквиот растечки пазар.

Основана со мисија да ги поврзува пријателите и семејствата ширум светот, Lycamobile многу бргу прерасна во компанија, што им служи на 15 милиони корисници ширум светот, вклучувајќи ги корисниците од  Европа, САД, Австралија, Хонгконг и Тунис.

„Македонија е држава што се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа , oпкружена со некои од најпопуларните земји а нејзината телекомуникациска индустрија доби значајни странски инвестиции во последниве години. Имајќи го предвидтоа, Македонија е нашиот следен чекор, со што продолжуваме да се прошируваме на меѓународно ниво", изјави генералниот директор на Lycamobile Субаскаран Алираџах .

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив